![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/46/4-to-1_multiplexer.svg/langmk-640px-4-to-1_multiplexer.svg.png&w=640&q=50)
Мултиплексер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мултиплексер — во електрониката уред којшто како влез прима повеќе аналогни или дигитални сигнали, а како излез дава еден единствен сигнал.[1] (Има случаи кога на излез дава повеќе од еден сигнал тоа е најчесто некој степен од 2, но дава прилично мал број на излезни сигнали). Мултиплексер со 2n влеза има ⌈n⌉ линии од кои избира која линија да ја испрати на излез.[2] Мултиплексерот главно се користи за да се зголеми количината на податоци која се пренесува преку мрежата во определен временски период и определена ширина на честотен опсег.[1] Мултиплексерите можат исто така да се користат за реализација на Булови функции од повеќе променливи.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/46/4-to-1_multiplexer.svg/320px-4-to-1_multiplexer.svg.png)
Електронскиот мултиплексер овозможува повеќе сигнали да делат исто коло или ресурс, на пример, еден А/Д претворач или една комуникациска линија, наместо да се користи посебно коло за секој влезен сигнал.
Демултиплексерот спротивно од него како влез прима единична линија, а потоа го разделува секој сигнал на посебна линија. Обично кога се поврзуваат два уреди едниот има мултиплексер кој ги спојува сигналите кои се пренесуваат во еден, а другиот уред има демултиплексер кој ги разделува сигналите на посебни линии.[1]
Мултиплексерите најчесто се користат во компјутерската наука, за спојување на повеќе сигнали обично парен број, и во телекомуникациите за спојување на повеќе телекомуникациски линии во една единствена.
Покрај влезните сигнали потребни се и контролни сигнали кои ќе одредуваат кој сигнал кога ќе се прими и кој сигнал кога ќе се пушти. Мултиплексерот врз основа на бинарни броеви ги одредува овие сигнали.