![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/96/The_Power_of_the_Dog_%25282021_film_logo_-_khaki%252C_4-row%2529.png/640px-The_Power_of_the_Dog_%25282021_film_logo_-_khaki%252C_4-row%2529.png&w=640&q=50)
Моќта на кучето (филм)
филм од 2021 година на Џејн Кемпион / From Wikipedia, the free encyclopedia
Моќта на кучето (англиски: The Power of the Dog) — меѓународно продуциран филм од 2021 година во режија на Џејн Кемпион, заснован на истоимениот роман од 1967 година на Томас Севиџ. Во главните улоги се појавуваат Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст, Џеси Племенс и Коди Смит-Мекфи. Снимен претежно низ руралните средини на Отаго, филмот е меѓународна ко-продукција помеѓу Нов Зеланд, Грција, Обединетото Кралство, САД и Австралија. Моќта на кучето покрива теми како љубов, тага, огорченост, љубомора, мажественост и сексуалност.
„Моќта на кучето“ | |
---|---|
![]() | |
Режисер | Џејн Кемпион |
Продуцент |
|
Сценарист | Џејн Кемпион |
Главни улоги |
|
Музика | Џони Гринвуд |
Кинематографија | Ари Вегнер |
Монтажа | Питер Шиберас |
Студио |
|
Дистрибутер |
|
Премиера | 2 септември 2021 (2021-09-02) (Венеција) 11 ноември 2021 (2021-11-11) (Австралија и Нов Зеланд) 17 ноември 2021 (2021-11-17) (Обединето Кралство и САД) |
Времетраење | 126 минути[1] |
Земја | |
Јазик | англиски |
Буџет | 35–39 милиони долари[3] |
Бруто заработка | 388,924 долари[4][5] |
Филмот премиерно бил прикажан на 78. издание на венецијанскиот филмски фестивал на 2 септември 2021 година каде што Кемпион ја добила наградата Сребрен лав за најдобра режија. Филмот имал ограничено прикажување низ кино салите во ноември 2021 година и бил издаден во светски рамки на Нетфликс на 1 декември 2021 година. Моќта на кучето се здобил со универзално признание од критичарите, кои ја пофалиле режијата и сценариото на Кемпион, кинематографијата, музиката и изведбите на четирите главни глумци. Оценет како еден од најдобрите филмови за 2021 година, Моќта на кучето бил вброен меѓу најдобрите 10 десет филмови на годината од страна на голем број на критичари.
Моќта на кучето заработил бројни номинации и награди, вклучително водечки 12 номинации на 94. доделување на наградите Оскар, меѓу кои за најдобар филм, најдобар режисер за Кемпион, најдобар глумец за Камбербач, најдобар глумец во споредна улога за Племенс и за Смит-Мекфи и најдобра глумица во споредна улога за Данст. Филмот заработил седум номинации на 79. доделување на наградите Златен Глобус, победувајќи во категориите најдобар филм – драма, најдобар спореден глумец (Смит-Мекфи) и најдобар режисер (Кемпион). Моќта на кучето бил вброен во најдобрите десет филмови за 2021 година од страна на американскиот филмски институт.