Мост на Ѓурѓевиќа Тара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мост на Ѓурѓевица Тара е мост кој се наоѓа во Црна Гора.
Дизајниран е од инженерот Мијат Тројановиќ,а работите ги извела фирмата Андоновиќ од Белград. Проценетите трошоци биле 11,5 милиони динари, а потоа требало да се зголемат за еден милион.[1]
Мостот бил завршен во есента 1940 година и пуштен во сообраќај на крајот на таа година.[2] Пробното оптоварување и свеченото пуштање во сообраќај биле планирани за пролетта 1941 година.[1]