From Wikipedia, the free encyclopedia
Фразата „морков и стап“ е метафора за употреба на комбинација од награда и казна за да се поттикне посакуваното однесување.[1]
Во политиката, „морков или стап“ понекогаш се однесува на реалистичниот концепт на мека и тврда моќ. Во овој контекст, морковот може да е ветување за економска или дипломатска помош меѓу нациите, додека стапот може да е закана од воена акција.
Најраните наводи на англиски јазик кон фразата „морков и стап“ потекнуваат од автори во средината на 19 век, кои пишувале во врска со карикатурата или цртаните филмови од тоа време кои прикажувале трка меѓу јавачи на магариња, при што губитникот џокеј користел стратегија на тепање на својот коњ со „гранчиња од црн трн“ за да го поттикне да продолжи напред, додека победникот на трката седи во своето седло опуштен и го држи крајот од својот стап со мамка.[2][3] Кај некои орални традиции наместо моркови се користеле репа како искушението на магарето.
Децении подоцна, идејата се појавила во едно писмо од Винстон Черчил, 6 јули 1938 година: „Така, со употреба на секој уред од стап до морков, изнемоштеното австриско магаре е форсирано да ја влече нацистичката количка на рид кој постојано се стрмнува."[4]
Јужната полутопка се зафати за фразата во 1947 и 1948 година поради коментарите на австралиските весници за потребата да се стимулира продуктивност по Втората светска војна.[5][6]
Најраните употреби на идиомот „морков и стап“ во широко достапните американски периодични изданија беше во изданието од 11 декември, 1948 година на Економист и во еден напис во весникот Дејли републик истата година во кој се дискутираше за економијата на Русија.[7]
На германскиот јазик, како и на рускиот и на украинскиот, сродниот идиом се преведува како шеќерен леб и камшик.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.