Морбијански Залив (француски: golfe du Morbihan; бретонски: Mor Bihan Gwened) — природен пристан на брегот на департманот Морбијан во јужна Бретања, Франција. Легендата вели дека во заливот има острови колку што има денови во годината. Всушност, заливот има околу 40, во зависност од плимата и осеката. Многу острови се приватна сопственост, освен најголемите два, Ил о Моан (Île-aux-Moines) и Ил Дарз (Île-d'Arz).

Thumb
Карта
Thumb
Пристаништето на Ил о Моан (Île aux Moines)
Thumb
Розова куќа во близина на Ван

Подрачјето околу заливот има извонреден опсег на мегалитски споменици. Меѓу другото има и долмени за премин, скалести пирамиди со подземни долмени комори, камени кругови и џиновски менхири. Најпознато место на туѓинците е Карнак, каде што остатоци од десетина редови огромни стоечки камења се протегаат повеќе од десет километри. Коридорната гробница Гавринис, која се наоѓа на мал остров во заливот, е едно од најважните такви места во Европа. Некои од урнатините се датирани најмалку 3300 пр.н.е. 200 години постари од англискиот Стоунхенџ.

Географија

Плими и струи

Заливот е заштитен од Атлантскиот Океан со полуостровот Руис (Rhuys), но 1 км долгиот процеп помеѓу Пор-Навало (во општината Арзон) и Керпанир (општина Локмарјакер) ја пушта водата да влегува и излегува. Бидејќи овој процеп е тесен, плимните струи се силни и брзината на водата може да достигне и до 9,4 јазли.

Фестивали

Секоја втора година се одржува фестивал на јахти, познат како „La Semaine du Golfe Du Morbihan“ кој ја слави културата, музиката и пловењето и поморските традиции на Бретања. Во 2017 година, 1.450 чамци влегоа во регатата покрај стотиците пловни објекти. Врвот на фестивалот е „Големата парада на едрата“ во која се прикажани сите чамци на пат од Порт Навало до Ван.

Општини

  • Локмарјакер
  • Оре
  • Плугумелен
  • Ле Боно
  • Баден
  • Лармор-Баден
  • Арадон
  • Ил-о-Моан
  • Ил Дарз
  • Ван
  • Сене
  • Теикс
  • Нојало
  • Ле Езо
  • Сен Армел
  • Сарзо
  • Сен Жилдас-де-Руј
  • Арзон

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.