Морал — збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Моралот разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во филозофијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните одлики на човекот.

Thumb
„Алегорија со портрет на венецијански сенатор (Алегорија за моралот на земните нешта)“, припишана на Тинторето, 1585 година

Друга дефиција за моралот гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се оценуваат постапките на другите.

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го дефинира моралот како „идиосинкразија на декадентите, со позадинска намера да му се одмаздат на животот, и тоа со успех.“[1]

Извори и облици на моралот

Моралот има три извори:

  • првиот извор е општеството (заедницата), што значи дека мнозинството луѓе се сложиле што е добро и така ќе постапуваат.
  • вториот извор е самиот човек (единката) кој го создава моралот според сопствени идеи и постапки , но и овој морал се оценува во заедницата.
  • третиот извор можат да бидат сознатијата од минатото и од целиот свет,се мисли на мудростите и изкусувањата од минатото за прашањата на доброто и злото.

Облици на изразување на моралот: моралните судови, правила, вредности, однесување, совест, карактер и должностите.

Германскиот филозоф Фридрих Ниче бил остар критичар на христијанскиот морал, кој долго време доминирал во западната цивилизација. Според него, христијанскиот морал бил „Кирка на сите мислители“ кои „биле во негова служба“[2]; дека тој е „најлош облик на волјата за лажење“ и дека тој го расипал човештвото.[3]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.