Момче во пижами со риги (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Момче во пижами со риги (англиски: The Boy in the Striped Pyjamas) — американска историска филмска трагедија со тематика од Втората светска војна, заснован врз истоимениот роман на Џон Бојн од 2006 година.[1] Сценарист и режисер бил Марк Херман, а продукцијата била направена од Би-Би-Си Филмс и Хадеј Филмс, со дистрибуција на Мирамакс. Главната, насловна улога ја игра Ас Батерфилд. Филмот бил прикажан на 12 септември 2008 година во Велика Британија.
Драмата за холокаустот прикажува ужасот од нацистичкиот логор за истребување преку приказната за две 8-годишни момчиња: Бруно (Батерфилд), син на командантот на логорот, и Шмул (Џек Сканлон), еврејски затвореник.
Филмот добил негативни критики од некои научници за холокауст за погрешно прикажување.