From Wikipedia, the free encyclopedia
Могамед Ибрагимов (роден 22 јули 1974 година) e македонски борач со потекло од Дагестан.
Лични податоци | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Азербејџан Македонија | ||||||||||||
Роден(а) | 22 јули 1974 Махачкала, Дагестан, Русија, СССР | ||||||||||||
Висина | 1.80 м | ||||||||||||
Тежина | 85 кг | ||||||||||||
Спорт | |||||||||||||
Спорт | Борење | ||||||||||||
Дисциплини | Категорија до 85 кг | ||||||||||||
Успеси и титули | |||||||||||||
Олимписки игри | 1996, 2000, 2004 | ||||||||||||
Најв. светски ранг | 3 место | ||||||||||||
Освоени медали
|} |
На Летните олимписки игри 1996 се натпреваруваше за Азербејџан и го освои петтото место во борење во слободен стил во категорија до 82 килограми.
Од 1997 година се приклучи на Боречкиот Клуб Бучим Јака од Радовиш, каде настапуваше во Купот на Европските Шампиони.
На Светското Првенство за сениори во 1998 година во Техеран Иран го освои второто место за Македонија. Овој медал беше прв од осамостојувањето на Македонија на Светските првенства.
На Европското првенство во Минск-Белорусија во 1999 година, Ибрагимов го освои првото место и златниот медал за Македонија.
На Летните олимписки игри 2000 се натпреваруваше за Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми. Со тоа тој стана првиот медалист за Македонија како независна држава.
На Летните олимписки игри 2004 заврши 19-ти во борење во слободен стил во категорија до 84 килограми откако беше елиминиран во првата рунда.
Могамед Ибрагимов од 2015 година е потпретседател на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.