Михаел Шумахер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаел Шумахер (германски: Michael Schumacher; роден на 3 јануари 1969) — е пензиониран германски Формула Еден кој настапувал за тимовите на Џордан Град При, Бенетон и Ферари, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, како и во Мерцедес Бенз на крајот на својата кариера. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу првенства, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, бодови освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004. Во 2002 тој станал единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го срушил рекордот за најмногу последователни завршувања на подиумот. Според официјалното мрежно место на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.
Откако започна да вози картинг, Шумахер ги освоил германските првенства во возење во Формула Куниг и Формула Три пред да им се придружил на Мерцедес во Светското првенство во спортски автомобилизам. После една трка спонзорирана од Мерцедес, за Формула Еден тимот на Џордан, Шумахер потпишал како возач за Формула Еден тимот Бенетон во 1991 година. По освојувањето на последователните првенства со Бенетон во сезоната 1994/5, во 1996 година Шумахер се префрлил во тимот на Ферари и со нив освоил нови пет последователни титули од 2000 до 2004 година. Шумахер се пензионирал од возење во Формула Еден во 2006 година, останувајќи во Ферари како советник.[1] Тој се согласил привремено да се врати во Ферари во 2009 година, како замена за тешко повредениот Фелипе Маса, но бил спречен во тоа поради повреда на вратот. Подоцна тој потпишал 3-годишен договор да вози за новиот Мерцедес ГП тим почнувајќи од 2010 година.
Неговата кариера не е без контроверзии, вклучувајќи ги и двата инциденти кога бил инволвиран во судири во последната трка од сезоната која го одредило исходот од светското првенство, со Дејмон Хил во Аделаида во 1994 година и со Жак Виленув во Херез во 1997 година.
Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле на трки во Формула Еден, и тие биле првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003 година.