From Wikipedia, the free encyclopedia
Поимот митологија има две значења: „науката“ за митовите (на пример, компаративната митологија) или пак збир на митови, како што е старогрчката митологија.[1] Компаративната митологија се занимава со проучување на врските помеѓу митовите од различни култури, додека старогрчката митологија претставува збир на старогрчки митови.[2] Во фолклористиката, митот е свет расказ кој објаснува како светот или човечкиот род ја достигнале сегашната состојба во својот развиток,[3] иако во поширока смисла на зборот тој може да означува секаков вид на народна приказна.[4] Брус Линколн го дефинира митот како „идеологија во раскажувачка форма“.[5] Митовите најчесто содржат натприродни ликови и настани. Митовите се уште гледани како: искривени прикази на вистинити историски настани, алегории за или персонификација на природните појави, или пак објаснувања на народните обреди. Тие се пренесувани за да овозможат религиозно искуство, да постават обрасци на однесување како и да ги подучат луѓето.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Во главно, главните ликови во митовите се богови или натприродни суштества и херои. Митовите гледани како свети приказни се често оправдани од владетелите и свештениците и тесно се поврзани со религијата. Во општеството каде што се раскажува, митот се смета за вистински приказ на далечното минато. Всушност, повеќето општества имаат две групи на народни приказни: „вистински приказни“ или митови, и „лажни приказни“ или бајки. Митовите најчесто се случуваат во прастаро време, кога светот сè уште го нема достигнато сегашниот облик и објаснуваат како светот го добива неговиот моментален облик, како биле создадени обичаите, институциите и табуата.
Тесно поврзани со митот се легендите и народните приказни. Митовите, легендите и народните приказни се различни типови традиционални приказни. За разлика од митовите, народните приказни можат да се случуваат во кое било време и кое било место, и општеството што ги раскажува овие приказни не ги смета за вистинити или свети. Како и митовите, легендите се приказни што според традицијата се сметаат вистинити, но се случиле во поскоро време, кога светот бил посличен на сегашниот. Во легендите најчесто главни ликови се луѓето, додека во митовите тоа најчесто се ликови со натчовечки одлики.
Разликата меѓу митот, легендата и народната приказна се користи за групирање на традиционалните приказни. Во повеќето култури тешко е да се повлече остра линија меѓу митовите и легендите. Наместо поделба на митови, легенди и народни приказни, некои култури ги делат традиционалните приказни во две групи: една што е во потполна согласност со народните приказни и друга што ги комбинира митовите и легендите. Дури ни митовите и приказните не се сосем различни.Некоја приказна може во некое општество да се смета за вистинска (според тоа мит), но во друго општество да се смета за измислена(според тоа народна приказна). Всушност кога митот ќе го загуби статусот како дел од религиозниот систем, често добива одлики што се типични за народните приказни, поранешните божествени карактери се претворени во човечки херои, џинови и самовили.
Митот, легендата, епопејата, бајката и народната приказна се само неколку од групите традиционални приказни. Другите групи вклучуваат: анегдоти и други видови шеги. Традиционалните приказни се само една категорија од фолклорот што вклучува и гестови, обичаи и музика.
Една теорија тврди дека митовите се искривен приказ на вистинските историски настани. Според оваа теорија, раскажувачите на приказни постојано ги разработуваат историските описи додека ликовите не добијат статус на божество. На пример: се тврди дека митот за богот на ветрот Еол произлегол од историски приказ на крал што ги учел неговите луѓе да користат едро и да ги разбираат ветровите. За ова тврдат Херодот (5 век п.н.е.) и Продик. Оваа теорија се нарекува евхемеризам според митологот Евхемер (320 в. п.н.е.) кој укажувал дека грчките богови се создадени од легендите за луѓето.
Некои теории тврдат дека митовите настанале од алегориите. Според една теорија митовите настанале како алегории за природните појави: Аполон претставува оган, Посејдон претставува вода итн. Според друга теорија митовите настанале како алегорија за филозофски или духовни замисли: Атина претставува мудар суд, Афродита претставува желба, плодност итн. Во 19 век санскритистот Макс Мулер ја поддржувал алегориската теорија за митот. Тој тврдел дека митовите настанале од алегориски описи на природата, но постепено почнале буквално да се раскажуваат. На пример: Поетскиот опис на морето како „бесно“ било земено буквално, и подоцна за морето се мислело дека е бог на бесот.
Некои мислители веруваат дека митовите се резултат на персонификација на неживите предмети и сили. Според овие мислители, предците имале култови кон природните појави како што се огнот и воздухот, кои постепено почнале да ги опишуваат како богови. На пример според теоријата на митопоетската мисла, древните народи нештата не ги гледале само како предмети туку како личности, па и природните настани ги опишувале како дејство на боговите, што ги поттикнало митовите.
Според теоријата на ритуалниот мит, постоењето на митот е врзано со ритуалот. Во краен степен, оваа теорија истакнува дека митовите настанале за да ги објаснат ритуалите. Ова тврдење прво го изнесол библискиот учител Вилијам Робертсон Смит. Според Смит, луѓето почнале да изведуваат ритуали од причини што не се поврзани со митот, подоцна откако ги заборавиле вистинските причини за ритуалите, тие пробале да си ги објаснуваат риуталите преку измислување митови и тврдејќи дека ритуалите се соодветни со настаните што се опишани во митот. Антропологот Џејмс Фрејзер има слична теорија. Фрејзер тврди дека примитивниот човек почнал да верува во магичен закон. Подоцна кога човекот престанал да верува во магија, тој измислува митови за богови и тврди дека претходните магични ритуали се религиозни ритуали за да ги задоволат боговите.
Мирче Елиаде тврди дека една од најважните функции на митот е да воспостави модели за однесување и дека митовите можат да дадат религиозни чувства. Со раскажувањето или со реконструкција на митовите, членовите на традиционалните општества се одделечуваат од сегашноста и се враќаат во времето на митот, со тоа се приближуваат до боговите.
Лаури Хонко наметнува дека во некои случаи општеството ги реконструира митовите во обид повторно да содзаде услови на митолошка ера. На пример, ќе го реконструира лечењето од бог од минатото за да излечи некој во сегашноста. Слично, Роланд Бартес тврди дека модерната култура ја истражува религиозноста. Поради тоа науката не се занимава со објаснување на човечкиот морал, религиозноста е обид за поврзување со познатото минато на моралот, што е спротивно од технолошката сегашност.
Џозеф Камбел објаснува дека митовите имаат четири основни функции: Мистична функција – стравопочит кон универзумот, Космолошка функција – ја објаснува формата на универзумот, Социолошка функција – поддржувајќи и вреднувајќи одредени општествени правила, и Педагошка функција – како да се живее животот под секакви околности.
Историски најважни пристапи во проучувањето на митологијата се тие на: Вико, Шелинг, Шилер, Јунг, Фројд, Леви-Брух, Леви-Строс, Фраи, Советската школа и Митската и ритуална школа.
Критичкото претставување на митовите се појавува уште од пред Сократ. Еден од најважните пред модернистички митолози бил Евхемер. Тој ги толкува митовите како претставување на вистински историски настани изменети со многуте прераскажувања. Овај став кон митовите и нивното потекло го критикува Платон во Федра, во кое според Сократ ова е надлежност на некој кој е „премногу љубопитен, и мачен и не е целосно среќен...“. Платонистите имаа поголемо знаење и разбирање за оваа тема. Салустиј, на пример ги дели митовите во пет категории: теолошка, физичка (што се однесува на природните закони), анимистичка (се однесува на душевноста), материјална и мешана. Во последнава се митовите што имаат поврзаност меѓу две или повеќе од претходниве категории.
Исто така Платон јавно го осудува поетскиот мит, кога се зборува за образованието на младите во републиката, главно врз основа на тоа дека младите и необразованите можат буквално да ги сфатат приказните за боговите и хероите, сепак тој во неговото пишување постојано спомнува митови од сите видови. Како што се развивал платонизмот во фази заеднички наречени „среден платонизам“ и „неоплатонизам“, писателите како Плутарх, Порфир, Прокло, Олимпиодор, Дамаскиј, јасно зборувале за симболичкото толкување на традиционалните и Орфиските митови.
Интересот за политеистичката митологија се обновува во ренесансата, почетоците на митографијата се појавуваат во 16 век, како Теолошка мотологија.
Првите научни теории за митот се појавиле во текот на втората половина на 19 век. Општо земено овие теории од 19 век го дефинирале како бескорисен или застарен начин на размислување, и често го толкуваат митот како примитивен составен дел од модерната наука.
На пример: E.Б. Тејлор го толкува митот како обид за буквално објаснување на природните појави: првобитниот човек неспособен да ги објасни нечовечките природни закони, се обидувал природните појави да ги објасни со тоа што им давал душа на неживите предмети, што поттикнало анимизам. Според Тејлор, човечката мисла еволуира во различни фази, почнувајќи со митолошки мисли и постепено доаѓање до научни мисли. Со овој поглед не се согласиле сите познавачи, дури ни сите познавачи од 19 век. На пример Лучиан Леви-Брух тврдел дека „примитивниот менталитет е состојба на човечкиот мозок, а не фаза во неговиот историски развиток“.
Макс Мулер митот го нарекувал „болест на јазикот“. Тој претпоставува дека митовите настануваат поради недостаток на апстрактни именки и среден род во древните јазици. Антропоморфните стилски фигури, потребни во таквите јазици, на крајот биле земани буквално, што водело до мислењето дека природните појави се живи суштества, богови.
Антропологот Џејмс Фрејзер на митовите гледа како на погрешно толкување на магичните ритуали, коишто биле засновани на погрешни идеи за законот на природата. Според Фрејзер, човекот почнува со неоснована верба во безлични магични закони. Кога ќе заклучи дека нема примена на овие закони, тој се откажува од верувањето во законот на природата и верува во богови што ја контролираат природата, на овај начин дава потврда за религиозни митови. Во меѓувреме човекот по навика продолжува да ги изведува поранешните магични ритуали, толкувајќи ги како реконструкција на митолошките настани. На крај Фрејзер тврди, човекот сфаќа дека природата ги следи природните закони, но тој сега ја открива вистинската природа преку науката. Тука науката повторно го прави митот застарен: како што забележува Фрејзер, човекот напредува „од мит низ религија до наука“.
Роберт Сегал уверува дека ако се спротивстават митот и модерната научна мисла, таквите теории ќе покажат дека современиот човек мора да го напушти митот.
Теориите од XX век ги одбиваат теориите од XIX век „спротивставеноста на митот и науката“. Општоземено, „теориите на 20 век се движат кон тоа на митот да не се гледа како на застарен дел од науката. Според тоа, современиците не се приморани да го напуштаат митот за науката.“
Шведскиот психолог Карл Јунг се обидел да ја разбере психологијата зад светските митови. Јунг смета дека сите луѓе делат одредени вродени несвесни психички моќи, што се нарекуваат архитипови. Според него, сличностите меѓу митовите од различни култури го откриваат постоењето на овие универзални архитипови.[6] Џозеф Кембел мисли дека постојат два различни поделби на митологијата: дека има митови што се „метафори на духовниот потенцијал на човечките суштества“, и митови што „имаат врска со одделни општества“. Клод Леви-Строс тврди дека митовите изразуваат одлики на мислите, и тие одлики ги толкува како зацврстени умствени структури – особено спротивностите (пр. добро/зло, внимателност/грубост) – наместо несвесни чувства или потреби. Во „Митовите, соновите и мистериите“ и во „Митот за вечното враќање“, Мирче Елиаде ја опишал загриженоста на современиот човек за одбивањето на митовите и смислата на светот.[7] Во 1950, Роланд Бартес објавил серија есеи што содржат истражувања за современите митови и процесот на нивното создавање во неговата книга „Митологии“.
Според полскиот писател и филозоф, Бруно Шулц, „нашите најтрезвени поими и определби се далечни изведенки од митовите и дамнешните приказни. Нема ниту ронка од нашите идеи, а да не потекнува од митологијата – да не е преобразена, осакатена, преточена митологија“. Според него, „митологизацијата на светот не е довршена. Тој процес само бил сопрен од развојот на науката, истиснат во некое странично корито, каде што живее не сфаќајќи ја својата суштинска смисла. Но, и науката не е ништо друго, освен градење мит за светот, бидејќи митот е веќе во самите елементи и надвор од митот воопшто не можеме да излеземе. Човечкиот дух е неуморен во толкувањето на животот со помош на митови, кои ги користи во „осмислувањето“ на реалноста.[8]
Компаративната митологија е систематско споредување на митовите од различни култури. Се движи кон откривање на главите теми што се чести во митовите од различи култури. Во некои случаи компаративните митолози ги користат сличностите меѓу различни митологии за да докажат дека тие митологии имаат заеднички извори. Овој заеднички извор може да е заеднички извор на инспирација (пример одредена природна појава што инспирирал сличен мит во различни култури) или заедничка „протомитологија“ што се раздвојува во различни митологии што ги наоѓаме денес.
Толкувањата на митовите во 19 век често можеле да се споредуваат, барајќи заедничко потекло за сите митови. Сепак денешните стручњаци се сомневаат во компаративните пристапи, избегнувајќи премногу општи или универзални искази за митологијата. Еден исклучок на овој нов тренд е книгата на Џозеф Камбел „Јунакот со илјада лица“ што тврди дека во сите јуначки митови има иста главна тема. Оваа теорија на „мономит“ не е поддржана од традиционалното учење на митологијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.