From Wikipedia, the free encyclopedia
Мисијата за набљудување во Либерија (UNOMIL) била мировна мисија на Обединетите нации во Либерија. Основана е со Резолуцијата 866 (1993 година), а седиштето и било во главниот град Монровија.
UNOMIL плоснат медал | |
Кратенка | UNOMIL |
---|---|
Основана | 22 септември 1993 |
Вид | Мировна мисија |
Правен статус | Завршила на 12 септември 1997 |
Матична организација | Совет за безбедност на ООН |
Мреж. место | Мрежно место |
УНОМИЛ е создадена како дел од Договорот од Котону за поддршка на напорите на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) во Либерија за време на Првата либериска граѓанска војна (1989 – 1996).[1] Првичниот мандат на мисијата била да го следи спроведувањето на мировните договори помеѓу либериските партии, да ги испитува кршењата на примирјето, да помогне во одржување на местата за собирање и демобилизација на борците, да ја олесни хуманитарната помош, да ги испита кршењата на човековите права и да го следи изборниот процес.[2] За време на својот мандат, УНОМИЛ извршила логистичка работа додека Групата за набудување на Економската заедница на западноафриканските држави овозможила безбедност и преземала кампања за информирање на јавноста со цел едукација на гласачите.[3]
Била заменета од Мисијата на Обединетите нации во Либерија, основана во септември 2003 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.