Милано-Санремо 2021
112. издание на велосипедската трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Милано-Санремо 2021 (позната како Милано-Санремо претставена од EOLO поради спонзорство[1]) — 112. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 20 март во северниот дел на Италија.[2] Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.[3]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 112. Милано-Санремо | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2021 1.UWT | ||
Датум | 20 март 2021 | ||
Растојание | 299,05 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Милано | ||
Одредиште | Санремо | ||
Екипи | 25 | ||
Возачи на почеток | 172 | ||
Возачи на крај | 169 | ||
Просечна брзина | 45,071 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
◀2020 | 2022▶ | ||
Документација ![]() |
Откако пандемијата на КОВИД-19 присилила неколку измени на изданието во 2020,[4] трката се вратила на вообичаениот распоред во средината на март и на својата традиционална рута. Трката долга 299 километри започнала во северозападна Италија од главниот град на Ломбардија, Милано. Патеката имала неколку качувања, последното на Поџо ди Санремо на завршните 10 километри, пред рамната завршница на Виа Рома во Санремо на средоземниот брег во Лигурија.[5][6]
Како главната група се приближувала на врвот на Поџо, неколку напади предизвикале да се создаде избрана група во која биле многу од фаворитите пред трката, вклучувајќи ги главните тројца, бранителот на титулата Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма), победникот од 2019 година Жилијан Алафилип (Декојнинк-Квик Степ) и Матје ван дер Пул (Алпесин-Феникс). Во завршните три километри, Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) отпочнал напад на почетокот на спустот на Поџо и се одржал пред остатокот на фаворитите за негова прва победа на монумент и станал втор последователен белгиски победник на трката. Кејлеб Јуан (Лото-Судал) го освоил масовниот спринт за второто место пред Ван Ерт на третото место.[7]