Мешан јазик или измешан јазик е јазик кој настанал преку мешање на два изворни јазика, најчесто преку двојазичноста, па како резултат на тоа не постои можност новата јазична форма да се класифицира како дел од едниот или другиот јазик или јазични семејства. Иако овој често се земал предвид во историската лингвистика уште од XX век, чисти случаи на јазична мешавина, која не е исто со јазична замена или јазично позајмување, се многу ретки. Мешањето на јазиците најчесто се сретнува во средини или случаи со мешани етнички групи. Јазично мешање на повеќе од два јазика не е забележано.

Дефиниција

Според јазичарот Гилад Цукерман, „секој јазик е измешан до одреден степен“[1] но само неколку јазици се мешано во вистинската смисла на зборот.

Мешан јазик се разликува од пиџин по тоа што во случаи каде има јазично мешање говорниците кои го создаваат јазикот ги зборуваат изворните јазици скоро како мајчини. Од другата страна пак, кога се создава пиџин, говорниците имаат слабо познавање на јазиците кои дошле во контакт. Пиџинот се создава поради потреба за комуникација и луѓето ги комбинираат елементите од двата изворни јазика само за да се разберат во одредени случаи, но не и да ги научат соодветно.

Кај мешаните јазици не е лесно да се одделат изворните јазици. Мешаните јазици се разликуваат од креолските јазици во тоа што не можат да се разграничат јазиците и немаат еден „јазичен родител“. Креолските јазици тежнеат да создадат попроста граматика заснована на изворниот јазик, но мешаните јазици ги зачувуваат граматичките елементи од изворните јазици.

Примери

Како мешани јазици се сметаат:

  • мичифски јазик, мешавина од француски и криски јазик.
  • алеутско-медновски јазик, мешавина од руски и алеутски јазик.
  • кападокиско-грчки јазик, мешавина од грчки и турски.
  • мбугуски јазик, мешавина од банту и источнокушитски јазици.
  • Медија ленгва, мешавина од кечуански и шпански јазик.
  • лесен варлпириски јазик, мешавина од австралиско-креолски и варлпириски јазик.
  • гуринџи-креолски јазик, мешавина од австралиско-креолски и гуринџиски јазик.
  • ероминчела, мешавина од ромски и баскиски.
  • бонински мешан јазик,мешавина од бонински и англиски[2].

Поврзано

  • Пиџин
  • Креолски јазик
  • Јазичен контакт
  • Јазична замена
  • Јазичен трансфер

Наводи

Користена литература

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.