Метузалем (дрво)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Метузалем (англ. Methuselah) (проценето `ртење: 2832 п.н.е.) е примерок на долговечен бор (Pinus longaeva) кој е наоѓа во Белите Планини во Калифорнија. Дрвото било старо 4.789 години кога било испитано во 1957 од Шулман и Харлан. Ова е најстариот неклонски жив организам со старост од 4842 години (во 2011)[1][2], и најстарото самостојно дрво на светот.[3] Именувано е по Метузалем, библискиот лик за кој се вели дека живеел 969 години. Ова дрво се наоѓа во таканаречената „Шума на древните“ (Forest of Ancients), поточно во Метузалемовиот корија на надморска височина од 2.900–3.000 м. Неговата точна местоположба с држи во тајна за истото да може да се зачува од вандализам;[4] горенаведените координати се однесуваат на туристичкиот центар „Метузалемова корија“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.