Методизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Методизмот претставува деноминација во христијанството, движење во рамките на Англиканската црква[1][2][3]. Првата Методистичка црква била основана во 1784 година во САД. Соединетите Американски Држави биле формирани една година порано и претставуваат прва модерна држава каде што црквата е одделена од државата. Првичната намера не била да се основа нова црква.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Англиканскиот проповедник Џон Весли (1703-1791) бил длабоко погоден од сиромаштијата во Англија, која земала сè поголем замав во XVIII век. Тој се смета и за основач на методизмот[4]. Почетокот на индустриската револуција предизвикала огромни социјални проблеми (невработеност, голема експлотација на возрасните, злоупотреба на детскиот труд, алкохолизам итн). Заедно со неколку истомисленици, Џон Веслеј формирал движење во рамките на Англиканската црква, кои се залагала за овие луѓе и за нивните проблеми. На луѓето кои го предводат оваа движење им го даваат прекарот „методисти“, затоа што се одликувале со еден дисциплинарен начин на живеење (секојдневно читање на Библија, постојана молитва, постење, служење на другите итн).
Со тек на времето, сè повеќе луѓе започнале да емигрираат од Англија во Америка. Методистичкото движење се проширило на новиот континент. Со независноста на САД, Англиканската црква се повлекла од колониите и останала под патронство на Англиската црква. Методистичката црква не се издигнува со разликите во учењето, туку заради духовната потреба на луѓето дојдени во новата замја.