From Wikipedia, the free encyclopedia
Месен Меур или Месна Шуплина,[3] — релативна шуплина во меѓуѕвездената средина на Орионовиот Крак во Млечниот Пат. Ги опфаќа најблиските ѕвезди до нас и, меѓу останатото, Месниот Меѓуѕвезден Облак (во кој е Сончевиот Систем), соседниот G-облак, Подвижната група во Голема Мечка (најблиската ѕвездена подвижна група) и Хијадите (најблиското расеано јато). Има пречник од барем 300 светлосни години и се одликува со неутралноводородна густина од 0.05 атоми/см3, околу една десетина од просекот во меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5 атоми/см3) и една шестина од онаа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (0,3 атоми/см3).[4]
супермеур | |
---|---|
Податоци од набљудување | |
Оддалеченост | 0 сг (0 пс) |
Физичи особености | |
Полупречник | 150 сг |
Ознаки | Месен Врел Меур, LHB,[1] Месен Меур, Месен Меѓуѕвезден Меур[2] |
Поврзано: Списоци на маглини |
Исклучително проретчениот гас во Месниот Меур е последица од експлозии на супернови од подвижната група Плејади во изминатите 10-20 милиони години,[5] а меурот е остаточна суперобвивка.[6]
Сончевиот Систем веќе 5-10 милиони години патува низ подрачјето сега заземено од Месниот Меур.[7] Сега се наоѓа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), помало подрачје од погуст материјал во меурот. ММО настанал онаму кајшто се сретнале Месниот Меур и меурот Јамка I. Гасот во ММО има густина од приближно 0,3 атоми/см3.
Месниот Меур нема топчест облик, туку се стеснува во галактичката рамнина и станува јајцевиден ил елиптичен, проширувајќи се над или под рамнината како песочен часовник. Се граничи со други меури од помалку густа меѓуѕвездена средина, особено меурот Јамка I. Овој меур е исчистен загреан и одржуван од супернови и ѕвездени ветришта во здружението Скорпија-Кентаур, на далечина од 500 светлосни години од Сонцето. Меурот Јамка I ја содржи ѕвездата Антарес (Алфа Скорпија, α Sco). НЕколку тунели ги поврзуваат шуплините на месниот меур со меурот Јамка I, наречен „Волков Тунел“.[8] Other bubbles which are adjacent to the Local Bubble аре меурите Јамка II и Јамка III. Во 2019 г. истражувачите на Антарктикот нашле меѓуѕвездено железо кое го ставаат во врска со Месниот Меѓуѕвезден Облак, кој може да е поврзан со образувањето на Месниот Меур.[9]
Од февруари 2003 до април 2008 г. вршено е испитување на врелиот гас во Месниот Меур од малата вселенска опсерваторија CHIPS на основа на плазмена спектрометрија.[10] Месниот Меур е изучуван и од мисијата EUVE (1992–2001), кој ги испитувал врелите ултравиолетови извори во него. Најдени се извори надвор од работ на меурот, но тие се послаби заради погустата меѓуѕвездена средина. Во 2019 г. е изработена првата тридимензионална карта на Месниот Меур споерд набљудувања на расеани меѓуѕвездени појаси.[11]
Во јануари 2022 г. по пат на набљудување и моделирање е утврдено дека ширењето на меурот предизвикало насобирање на гас и отпад, и дека ова дејство е одговорно за образувањето на сите млади околни ѕвезди.[12]
Овие млади ѕвезди обично се наоѓаат во молекуларни облаци како Биковиот и расеаното ѕвездено јато Плејади.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.