Медитација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Терминот медитација се однесува на широк спектар на практики (како и терминот спорт) кој вклучува техники со цел да се промовира релаксација, да се изгради внатрешна енергија или сила на животот и да се развијат сочувството,[1] љубовта, трпението, великодушноста и простувањето.
Зборот медитација има различни значења во различни контексти. Медитацијата се практикува уште од античко време како дел од голем број верски традиции и верувања.[2] Медитацијата често вклучува внатрешен напор за само-регулирање на умот на некој начин. Медитацијата често се користи за расчистување на умот и олеснување за многу здравствени проблеми, како што се високиот крвен притисок,[3] депресијата и анксиозноста. Таа може да се направи седејќи, или на активен начин.
Медитацијата може да вклучува генерирање на емоционална состојба со цел анализирање на таа состојба - како лутина, омраза, итн.[4] Mедитација, исто така, може да вклучува повторување на мантра и затворање на очите.[5] Mантрата е избрана врз основа на нејзината соодветност на медитаторот. Медитацијата има смирувачки ефект и ја насочува свеста навнатре сè додека не се постигне чиста свест, опишана како "да се биде буден во внатрешноста, без да се биде свесен за ништо освен самата свест".[6] Накратко, постојат десетици специфични стилови на медитација, и многу различни типови на активности кои честопати се нарекуваат медитативна практика.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.