![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/M_Faraday_Th_Phillips_oil_1842.jpg/640px-M_Faraday_Th_Phillips_oil_1842.jpg&w=640&q=50)
Мајкл Фарадеј
британски физичар и хемичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајкл Фарадеј (англиски: Michael Faraday; 22 септември 1791 — 25 август 1867) — англиски физичар и хемичар, познат претежно по откритијата и придонесите во областа на електромагнетизмот и електрохемијата. Тој го проучувал магнетното поле околу жицата по која тече електрична струја и го формулирал поимот електромагнетно поле во физиката. Тој исто така ја открил електромагнетната индукција, димагнетизмот и законот за електролиза [1][2], а исто така и врската помеѓу магнетното поле и светлината, што е показател за електромагнетната природа.
Мајкл Фарадеј Michael Faraday | |
---|---|
![]() Мајкл Фарадеј во 1842 г. | |
Роден(а) | 22 септември 1791(1791-09-22) Њуинтонг Батс, Вустер, Англија |
Починал(а) | 25 август 1867(1867-08-25) (возр. 75) Хемптон Корт, Мидлсекс, Англија |
Живеалиште | Англија |
Националност | Британец |
Полиња | физика и хемија |
Установи | Кралски институт |
Познат по | Фарадеев закон за електромагнетната индукција електрохемија Фарадеев ефект Фарадеев кафез Фарадеева константа Фарадеева чашка Фарадееви закони за електролизата Фарадеев парадокс Фарадеев вртежник ефект на Фарадеевата ефикасност Фарадеев бран Фарадеево тркало линија на сила |
Влијание од | Хамфри Дејви Вилијам Томас Бренд |
Поважни награди | Кралски медал (1835 и 1846) Коплиев медал (1832 и 1838) Рамфордов медал (1846) |
Потпис![]() |
Законот на Фарадеј за индукцијата вели дека промената на магнетниот тек предизвикува електродвижечка сила. Тој го изработил првиот, примитивен, електромотор со што ги поставил основите на производствената технологија. Тој го открил и бензенот. Во времето во кое живеел, научниците како него биле нарекувани „природни филозофи“ [3]. Некои го сметаат за најдобар експериментатор во историјата на науката. По негово име е наречена единицата за електричен капацитет. Алберт Ајнштајн имал слика на Фарадеј на ѕидот, заедно со оние на Исак Њутн и Џејмс Максвел.[4]