Мајкл Оловоканди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајкл Оловоканди (3 април 1975 во Лагос) — пензиониран нигериски професионален кошаркар. Оловоканди е роден во Лагос, но израснал во Лондон и посетувал колеџ на универзитетот „Пацифик“ во Стоктон (Калифорнија).[1] Бил одбран како прв пик на драфтот во 1998 од страна на Лос Анџелес Клиперс, но поради локаутот во НБА (1998–99), Оловоканди потпишал едногодишен договор со италијанската екипа Виртус Болоња. Потоа се вратил во САД и пет сезони минал во дресот на Клиперс.
Оловоканди во 2006 со екипата на Селтикс | |
Лични информации | |
---|---|
Роден на | 3 април 1975(1975-04-03) (49 г.) Лагос, Нигерија |
Височина | 7 ст 0 ин (2.13 м) |
Тежина | 270 lb (122 kg) |
Информации за кариера | |
Колеџ | Пацифик (1995–1998) |
НБА драфт | 1998 / Круг: 1 / Избор: 1st вкупно |
Одбран од Лос Анџелес Клиперс | |
Професионална кариера | 1998–2007 |
Историја на кариера | |
1998 | Виртус Болоња |
1998–2003 | Лос Анџелес Клиперс |
2003–2006 | Минесота Тимбервулфс |
2006–2007 | Бостон Селтикс |
Статистика NBA на кариера | |
Бодови | 4,135 (8.3 ppg) |
Скокови | 3,414 (6.8 rpg) |
Блокади | 697 (1.4 bpg) |
Во сезоната 2003–04 потпишал за Минесота Тимбервулфс каде останал три сезони, по што во јануари 2006 бил испратен во екипата на Бостон Селтикс во размена на повеќе играчи.[2] Во кариерата Оловоканди имал просек од 8.3 бода и 6.8 скокови по натпревар, а негова најефикасна сезона била 2002–03. Оловоканди се смета за едно од најголемите промашувања на драфтот во 1998, бидејќи таа година во НБА дебитирале имиња како Дирк Новицки, Пол Пирс, и Винс Картер, кои имале многу поуспешни кариери од него.[3]