From Wikipedia, the free encyclopedia
Машрек (арапски: مشرق) — регион во арапскиот свет источно од Египет. Ги опфаќа Либан, Палестина, Јордан, Сирија и Ирак.[5][6][7] Поимот во превод „изгревно место“, изведено од шарека (شرق „свети, огрева“ и „издигање“), однесувајќи се на истокот, каде изгрева сонцето.[8][9]
Се однесува на земјите ограничени со Средоземното Море и Иран и оди заедно со поимот Магреб, кој го означува западниот дел на Северна Африка. Египет е граничен случај: има културна, етничка и јазична блискост со Машрек и Магреб, но има доста разлики и често не се смета за дел од нив; кога се вбројува во еден од нив, тоа обично е Машрек поради поголемата блискост со Левантот. Египет и Левантот во историјата се управувале како една целина, како што е случај со Новото Кралство на стариот Египет, Омејадскиот, Абасидскиот и Фатимидскиот Калифат, Ајубидите, Мамелучкиот Султанат и, извесно време, под управата на египетскиот владетел Мухамед Али Паша.
Либија исто така може да се рече дека е поделена на влијанија од Машрек и од Магреб, при што источниот дел (Киренајка) важи за поблизок до Египет и Машрек.[10]
Овие географски поими водат потекло од раниот период на ширењето на исламот. Овој регион е случен на Билад ел-Шам и Месопотамија земени заедно.[11]
Бидејќи Машрек неколку свети места за аџилак, некои муслимани го сметаат за извор на верска меродавност. Машречките школи уживаат углед меѓу учените во Магреб.
Во 2014 г. во Машрек живееле 1,7% од светското население.[12][13][14][15][16][17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.