Машка кошаркарска репрезентација на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“ — спортска репрезентација која ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.
Кратки факти Ранг листа на ФИБА:, Член на ФИБА од: ...
Македонија | |||
Ранг листа на ФИБА: | 34. (во свет, 2016) 13. (во Европа, 2016) [1] | ||
---|---|---|---|
Член на ФИБА од: | 1993 | ||
ФИБА зона | ФИБА Европа | ||
Национална федерација: | МКФ | ||
Тренер: | Јорданчо Давитков | ||
Прекар: | Лавови Црвено-Жолти | ||
Олимписки игри | |||
Учества | 0 | ||
Медали | 0 | ||
Светско првенство | |||
Учества | 0 | ||
Медали | 0 | ||
Евробаскет | |||
Учества | 5 (1999, 2009, 2011, 2013, 2015) | ||
Медали | 0 | ||
Дресови | |||
|
Затвори
Репрезентацијата е под покровителство на Македонската Кошаркарска Федерација (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го освоила четвртото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата била одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]