Маузер 98
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маузер 98 (Mauser 98) — германска пушка репетирка, создадена од Пол Маусер во 1898 година. Оваа пушка исто така била негов најуспешен проект. Пушката се покажала како многу сигурна, со издржлива и едноставна конструкција, а од 1898 година до денес, врз основа на системот M98 се произведени над 100 милиони пушки, како спортски, така и воени модели.[1]
Маузер 98 се користел за време на Првата и Втората светска војна, како и во многу други конфликти низ целиот свет. За време на Втората светска војна, германскиот Вермах ја употребил Кабин Маузер верзија на K98.