Матица српска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Матица српска — најстарата книжевна, културна и научна институција на српскиот народ, основана во Пешта, во четврток, на 4/16 февруари во 1826 година.[1] Потребата од национална хомогенизација, просветлување, како и издавање на српски книги, биле основните причини за основање на вакво друштво. Непосредна причина за основањето на Матица српска претставувала потребата преземање на Србските летописи (подоцнежните Летописи на Матица српска), најстарото српско литературно списание, а тогаш единствено српско гласило, на кое му се заканувало гасење.
Матица српска | |
Основана | 16 февруари 1826; пред 198 години (1826-02-16) |
---|---|
Цел | Културна институција |
Седиште | Нови Сад, Србија |
Место | Србија |
Мреж. место | www.maticasrpska.org.rs |
Издавачкиот центар „Матица српска“ има редовни издавачки активности, вклучувајќи неколку проекти од национално значење, како што е „Десет века српска литература“ (српски јазик: Десет векова српске књижевности).
Книжевното и културното друштво одиграло огромна улога во процутот на науката и културата на Србите во Војводина. Матицата во 1864 година била преселена во Нови Сад.
Матица српска делува и и на територијата на Република Српска, преку Здружението на членови на Матица српска во Република Српска, како и во Црна Гора, преку Здружението на членови на Матица српска во Црна Гора. Освен тоа планирано е основање на Матица српска во Виена.[2]