Матеја Матевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Матеја Матевски (Истанбул, 13 март 1929 - Скопје, 6 јуни 2018) — македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературни програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје.
Кратки факти Матеја Матевски, Шести Претседател на МАНУ ...
![]() | |
---|---|
![]() | |
Шести Претседател на МАНУ | |
На должноста 2001–2004 | |
Претходник | Ѓорѓи Евремов |
Наследник | Цветан Грозданов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 март 1929
Истанбул, Турција |
Починал(а) | 6 јуни 2018
Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Установа | Филолошки факултет - Скопје |
Професија | поет критичар академик |
Затвори
Матевски е член на МАНУ и бил негов претседател во периодот 2001 - 2004 година. Тој починал на 89-годишна возраст.