Марлен Дитрих
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марлен Дитрих (Marlene Dietrich; Берлин, 27 декември 1901 - Париз, 6 мај[1] 1992) — германско - американска актерка [2][3][4], пејачка, и забавувачка. Родена е како Марија Магдалена Дитрих, а од 1912 го сменила името во Марлен, име што го добила со спојување на првите две имиња. Се смета за прва германска глумица која успеала во Холивуд. Била муза на режисерот Јозеф фон Штернберг.
Марлен Дитрих | |
---|---|
Марлен Дитрих во 1951 | |
Роден(а) | Марија Магдалена Дитрих 27 декември 1901(1901-12-27) Берлин, Германско Царство |
Починал(а) | 6 мај 1992(1992-05-06) (возр. 90) Париз, Франција |
Почивалиште | Берлин, Германија |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1919–1984 |
Сопружник | Рудолф Зибер (в. 1923; неговата смрт 1976) |
Деца | Марија Рива |
Роднини |
|
Страница marlene.com |
За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се преобмислува себеси[5]: започнала како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станала забавувачка на фронтовската линија за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на XX век.
Во 1920-тите во Берлин, Дитрих глумела во немите филмови. Нејзината изведба како Лола-Лола во Синиот Ангел (1930) ѝ донела интернационална слава и договор со студиото Парамонт Пикчрс. Дитрих била ѕвезда во холивудските филмови како на пример Мароко (1930), Шангај Експрес (1932) и Желба (1936). Таа успешно ја наметнала нејзината гламурозна личност и "егзотичен" изглед, и станала една од највисоко платените глумици на тоа време. Во текот на Втората светска војна, таа била забавувачка во САД од највисок ранг.
Дитрих била забележана за своите хуманитарни напори во текот на војната, згрижување германски и француски бегалци, обезбедување на финансиска поддршка, па дури и во застапување за нивното американско државјанство. За нејзината работа на подигнување на моралот на војниците на фронтот за време на војната, таа добила повеќе признанија од САД, Франција, Белгија и Израел. Иако по војната повремено снимала филмови, Дитрих поголемиот дел од времето во 1950-тите до 1970-тите години го поминала на турнеја низ светот како изведувачка во живо.
Американскиот филмски институт ја прогласил Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња[6].
Во 2002 година, таа посмртно станала почесен граѓанин на Берлин.