From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Ричард Хамил (роден 25 септември 1951 година) е Американски глумец, гласовен глумец и писател. Тој е познат по улогата на Лук Скајвокер во филмовите Војна на Ѕвездите. Неговите други дела вклучуваат Корветско Лето (1978) и Големиот Црвен (1980), меѓу другите телевизиски емисии и филмови. Хамил, исто така, се појавува во неколку театарски продукции, во текот на 1980-тите години.
Хамил е исто така гласовен глумец , кој има глумено ликови во многу анимирани телевизиски емисии, филмови и видео игри, од 1970-тите. Тој е познат по неговата долгогодишна улога како како Џокер, почнувајќи со Бетмен: Анимираната Серија во 1992 година, како и Скипс во хит серијата на Cartoon Network, Обичното Шоу.
Хамил е роден во Оукланд, Калифорнија, на Вирџинија Сузан и и капетанот на американската морнарница Вилијам Томас Хамил (1926-2014).[1] Тој е еден од седумте деца, има двајца браќа, Вил и Патрик, и четири сестри, Тери, Џен, Џини, и Ким.[2] Неговиот татко има англиско, шкотско, ирско и велшко потекло и неговата мајка е и од Шведска и од Англија.[3][4] Тие морале често да се селат поради работата на татко му. Тој одел на Академијата Валшингам и Поу Средното Училиште.[5] На возраст од 11 години, тој се пресели на блок 5900 на Каселтон Драјв во Сан Диего, Калифорнија, каде тој го посетувал Хејл Средното Училиште.[се бара извор] За време на неговата прва година на Џејмс Медисон Средното Училиште, неговото семејство се пресели во Вирџинија, и Хамил одел Анандел Средното Училиште.[6] Додека бил прва година средно, неговиот татко бил стациониран во Јапонија, каде Хамил, присуствувал и бил член на Драмскиот Клуб во Нил C. Киник Средната Школа, од која тој дипломирал во 1969 година.[се бара извор][7] Тој подоцна се запиша на Лос Анџелес City Колеџ, каде што студирал драма.
Хамил бил одгледан како Римокатолик, и го опишувал татко си како "Никсон Републиканец".[8]
Неговата рана кариера вклучува и епизодна улога во сапунската опера Главната Болница,[9] и улога во краткотрајната ситуациска комедија Тексас Вилерс.[10] Тој го глуми најстариот син на Дејвид, во првата епизодата на Осум Е Доволно, иако улогата подоцна беше изведена од страна на Грант Гудив.[11] Тој исто така гостувал на Бил Козби Шоу,[12] Фамилијата Петриџ,[се бара извор], Соба 222 и Од Време На Време.[се бара извор] Тој се има појавено во неколку телевизиски филмови како што се Градот,[се бара извор] и Сара Т - Портрет на Тинејџерскиот Алкохоличар.[се бара извор]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.