Марко Поло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марко Поло (1254 - 8 јануари 1324 [1]) — италијански[2] трговец, истражувач и писател, роден во Венецијанска Република[3][4][5][6][7]. Неговите патувања се евидентирани во книгата Livre des Merveilles du Monde, или Патувањата на Марко Поло, книга која ги опишува на Европејците богатството и големината на Кина, нејзиниот главен град Пекинг, и други азиски градови и земји.
Марко Поло | |
---|---|
Роден(а) | 1254 Венецијанска Република |
Починал(а) | 8 јануари 1324
Венецијанска Република |
Почивалиште | Црква Сан Лоренцо 45.4373° СГШ; 12.3455° ИГД / 45.4373; 12.3455 |
Националност | Италијанец |
Занимање | трговец, истражувач и писател |
Познат(а) по | Патувањата на Марко Поло |
Сопружник | Доната Бадоер |
Деца | Фантина, Белела и Морета |
Родители | Николо Поло |
Тој ја научил трговијата од неговиот татко и неговиот чичко, Николо и Мафео, кои патувале низ Азија каде го сретнале Кублај Хан. Во 1269 година, тие се вратиле во Венеција каде за првпат да се сретнале со Марко. Тројцата започнале епско патување во Азија, враќајќи се по 24 години каде ја пронашле Венеција во војна со Џенова. Марко бил затворен но ослободен во 1299 година, по кое станал богат трговец, се оженил и имал три деца. Починал во 1324 година и бил погребан во црквата Сан Лоренцо во Венеција.
Марко Поло не бил првиот Европеец кој стигнал до Кина, но тој бил првиот што ја оставил деталната хроника на неговото искуство. Неговата книга го инспирирало на Кристофер Колумбо[8] и многу други патници. Постои значителна литература врз основа на записите на Поло. Тој, исто така, влијаел на европската картографија, што довело до воведување на мапата на Фра Мауро.