Маркетинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маркетинг или опазарување — најширок третман во економската литература наоѓа како деловна политика на претпријатието, но не како класичен систем, туку како посебен вид деловна политика. Традиционално, „маркетинг“ е поим што се „лепи“ на процесот на поврзување на производителите (или потенцијалните производители) на еден производ или услуга со потрошувачите - и постоечките и потенцијалните. Методите на маркетингот влечат корени од општествените науки, особено од психологијата, социологијата и економијата. Преку рекламирањето, маркетингот, исто така, е поврзан и со креативните уметности. Маркетинг е процесот кој се користи за да се определи кои производи или услуги може да бидат во интерес на купувачите и која стратегија треба да се користи во продажбата, комуникациите и бизнис развојот. Ја генерира стратегијата што лежи во техниките на продажба, бизнис комуникација и бизнис развој. Тоа е интегриран процес низ кој компаниите градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредност за нивните потрошувачи и за себеси. Маркетинг се користи за да се идентификува потрошувачот, да се задоволи потрошувачот и да се задржи потрошувачот. Со купувачот во фокусот на овие активности, маркетинг управувањето е едно од најзначајните компоненти во бизнис раководењето. Како последица на стагнацијата во развојот и иновацијата на постоечките пазари во последните 2-3 години, произлезе маркетингот за да ги постави фазите во развојот на нови пазари. Имплементирањето на маркетинг стратегии , како мерка за да останат профитабилни, бара бизнисите да го сменат фокусот кон производство и да го насочат кон перцепцирани потреби и желби на нивните купувачи. Поимот маркетинг концепт значи дека достигнување на организациските цели зависи од познавање на потребите и желбите на целните пазари и испорачување на посакуваните задоволства. Предложува дека со цел да ги задоволи своите организациски цели, организацијата треба да ги предвиди потребите и желбите на купувачите и истите да ги задоволи поделотворно од конкуренцијата. Во 1926 година, Соединетите држави го создадоа Националното здружение за маркетинг и рекламирање. Американското маркетинг друштво е основано врз основа на тоа, а во 1973 година оваа организација беше преименувана во Американско здружение за маркетинг - АМА. Подоцна слични здруженија и организации се појавија во Западна Европа, Канада, Австралија и Јапонија.[1]
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Маркетингот, најопшто кажано, има задача да ја достави стоката или некоја услуга од точката на производството до точката на побарувачот на таа стока или услуга. Како основна маркетиншка цел се поставува зголемувањето на обемот на продажбите или раширување на пазарниот удел.
За да се реализира една маркетиншката цел, маркетолозите комбинираат одредени одлики на производите, цените, дистрибуцијата и нејзините канали и маркетиншките комуникации. Со еден збор, формираат маркетиншки микс. Тој маркетиншки микс се разработува за конкретен пазар, при што решенијата се добиваат врз основа на претходни маркетиншли истражувања кои покажуваат што точно сакаат побарувачите:
- дали се подготвени да дадат повеќе пари за одреден производ, колку се запознаени со функционирањето на тој производ, каде се навикнати да пазаруваат и на каков начин;
- колку временските фактори влијаат врз него и
- колкава е разликата меѓу желбите за успех производот и реалните можности што ги има на пазарот.
Во современета теорија и практика синоними на маркетинг миксот се „маркетиншките средства“, „маркетиншките елементи“ и „маркетинчкиот комплекс“. Особено популарно е именувањето „4Р” од првите букви на англиските зборови:
- Product /производ/;
- Price /цена/;
- Place /пласман, дистрибуција/;
- Promotion /комуникација, промоција/.