полска писателка From Wikipedia, the free encyclopedia
Марија Домбровска (мом. Шумска; полски: Maria Dąbrowska; 6 октомври 1889 во Русув — 19 мај 1965 во Варшава) — полска писателка, романописец, есеист, новинар и драматург,[1] која го напишала познатиот полски историски роман „Ноќи и денови“ (Noce i dnie) помеѓу 1932 и 1934 година во четири одвоени книги. На основа на романот бил направен филм со истиот наслов во 1975 година од Јежи Антчак.[2] Домбровска била наградена со престижната награда „златен ловор“ на Полската академија на книжевноста во 1935 година.
Марија Домбровска | |
---|---|
Марија Домбровска | |
Роден/а | 6 октомври 1889 Русув |
Починат/а | 19 мај 1965 75) Варшава, НР Полска | (возр.
Јазик | полски |
Националност | Полјачка |
Значајни дела | „Ноќи и денови“ (Noce i dnie) |
Домбровска е родена во Русув, близу Калиш, во средишна Полска, под царска воена контрола.[2] Нејзините родители припаѓале на осиромашеното земјоделско благородништво. Марија страдала од езотропија поради што има изглед на „искривени очи“. Студирала социологија и природни науки во Лозана и Брисел, а од 1917 година живееле во Варшава. Заинтересирана во книжевноста и политиката, се посветила себеси да помогне на оние родени во сиромаштија. Во меѓувоениот период, Домбровска привремено работела во полското министерство за земјоделство, додека сè повеќе навлегувала во известување за весници и јавниот живот. Во 1927 година била вклучена во написи околу човековите права. Во нејзините романи, театарски претстави и статии во весниците ги анализирала психолошките последици на тешкиот живот на обичните граѓани.
Марија се омажила за Маријан Домбровски, кој умрел ненадејно кога таа имала 36 години. Нејзин долгогодишен партнер бил 19 години постариот Станислав Стемповски, со кого имала вонбрачни односи до отпочнувањето на Втората светска војна.[2] Во текот на окупацијата на Полска останала во Варшава и го поддржувала културниот живот на полското подземје. Во тоа време ги сретнала Ана и Јежи Ковалски, писатели и партнери. Тие имале дете во 1946 година, но Јежи умрел ненадејно во 1948 година. Двете жени останале во врска следните 20 години, иако Марија се обидела да ја омажи Ана повторно. Домбровска го добила Орденот за преродба на Полска во сталинистичко време. Умрела во 1965 година на 75 години во Варшава.[2]
Во Македонија издаден е нејзиното ремек-дело во три тома „Ноќи и денови“, кое било преведено од страна на Петре Наковски.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.