From Wikipedia, the free encyclopedia
Маричјасана (Maricyāsana, позата на мудрецот Маричи) е седечка асана во модерната јога како вежбање, во некои форми во комбинација со свиткување напред.
Името на позата е од санскрит, име на мудрец во хинду митологијата и आसन, āsana,што значи држење или седиште. [1]
Позата ја нема во средновековните текстови за хата јога,но е опишана во Јога Макаранда на Кришнамачарја од 1934 година и во учењето на неговите ученици,БКС Ајенгар и Патаби Џоис.[1] [2]
Оваа асана на извртување обично се изведува седејќи.Маричјасана I, едната нога е испружена директно пред телото, другата е свиткана со стапалото на подот и коленото нагоре покрај телото.Телото е искривено на страна со права нога, а рацете се споени зад грбот и со подигнатото колено.Телото потоа може да се наведнува нанапред додека носот и брадата не ја допрат правата нога.[3] [1]
Во Маричјасана II, ногата на земја е преклопена како за падмасана (лотос), додека другата нога е свиткана како во Маричјасана I; телото е искривено кон ногата на земја, а рацете се споени зад грбот и околу подигнатото колено.Телото потоа може да биде навалено нанапред додека брадата не го допре коленото што се потпира на земја.[1]
Во Маричјасана III,ногата на земја е испружена право.Телото е искривено на страна со свиткана нога,а рацете повторно се споени зад грбот и околу подигнатото колено.[3] [1]
Маричјасана IV ги спојува движењата на Маричјасана II и III. Ногата е на земја и е преклопена како за падмасана; телото е искривено со подигнатото колено.[1]
Оваа асана може да се изведе и стоејќи,стапалото на свитканата нога потпира на седиштето на столот и телото е свртено преку свитканата нога за да се соочи со ѕид. [3]
Велат дека стоечката Маричјасана е корисна за ублажување на болки во грбот.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.