![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2c/Marit_Bj%25C3%25B8rgen.jpg/640px-Marit_Bj%25C3%25B8rgen.jpg&w=640&q=50)
Марит Бјорген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марит Бјорген (норвешки: Marit Bjørgen; родена на 21 март 1980 година) е норвешка нордиска скијачка. На вечната листа од Светскиот куп во скијачко трчање таа е рангирана на првото место со 114 победи во поединечна конкуренција. Бјорген е и најуспешната спринтерка во историјата на Светскиот куп во скијачко трчање, со 29 победи. Таа освоила најмногу медали на Зимските олимписки игри во 2010 година; освоила пет медали од кои три златни. Како петкратна учесничка на Олимписки игри, освоила рекордни 15 медали, повеќе од било кој спортист во историјата на Зимските олимписки игри.[2]
Марит Бјорген | ||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Марит Бјорген за време на Светскиот куп во скијачко трчање во Стокхолм во март 2013 | ||||||||||||||||||||||||||
Држава | ![]() | |||||||||||||||||||||||||
Роден | 21 март 1980(1980-03-21) (44 г.)[1] Трондхејм, Норвешка | |||||||||||||||||||||||||
Spouse(s) | Фред Боре Љундберг | |||||||||||||||||||||||||
Скијачки клуб | Рогнес ИЛ | |||||||||||||||||||||||||
Кариера во Светскиот куп | ||||||||||||||||||||||||||
Сезони | 18 – (2000–2015, 2016-2018) | |||||||||||||||||||||||||
Поединечни победи | 114 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни победи | 30 | |||||||||||||||||||||||||
Поед. подиуми | 184 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни подиуми | 37 | |||||||||||||||||||||||||
Поед. тргнувања | 303 | |||||||||||||||||||||||||
Екипни тргнувања | 44 | |||||||||||||||||||||||||
Вкупно титули | 4 – (2005, 2006, 2012, 2015) | |||||||||||||||||||||||||
Титули по дисциплина | 8 – (3 далечински, 5 спринт) | |||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
На 6 април 2018 година, Бјорген објавила дека се повлекува од натпреварите во скијачко трчање по завршување на сезоната 2017-18. [3] Во мај 2020 година, Бјорген објавила дека ќе се врати на натпреварувањето, со цел да учествува на трката во Васалопет во март 2021 година.[4]