From Wikipedia, the free encyclopedia
Маринер 4 – американско вселенско летало од програмата Маринер, лансирано во 1964 година со првенствена намера да го истражи Марс и да испрати фотографии оттаму[1][2]. Маринер 4 ги испратил првите снимки на Марс и првите снимки на која било планета освен Земјата.
Оператор | НАСА |
---|---|
Изведувачи | Лабораторија за млазен погон |
Вид на мисија | Орбитирање околу Марс |
Лансирано на | 28 ноември 1964 |
Носечка ракета | Атлас ЛВ-3 Агена Д |
Маса | 260,8 кг |
Моќност | 310 вати |
Овие снимки ја шокирале научната јавност бидејќи на нив била прикажана безживотна површина со кратери слични на оние на Месечината. Подоцна во текот на мисијата ќе се покаже дека снимениот дел на Марс е нетипичен, а снимките биле со ниска резолуција и не покажувале интересни детали кои ќе ги откријат идните мисии.
Сондата имала октогонална конструкција од магнезиум, 1.270 мм по дијагонала и 457 мм висина. На шасијата биле прицврстени четири сончеви плочи, чиј распон бил 6,88 м. Сондата била опремена со две антени, параболична антена со големо засилување со пречник од 1.168 мм и со омнидирекциска антена, кои биле монтирани на столб, па вкупната висина на сондата изнесувала 2.890 мм.
Електронската опрема, погонскиот систем и каблите биле монтирани внатре во осумаголниот дел, а телевизиската камера и научната опрема биле монтирани вон основната кутија.
Сондата била екипирана со следниве инструменти[3][4][5]:
Снагата ја обезбедувале сончеви плочи кои во околината на Марс произведувале 310 вати. Батеријата била на полнење со капацитет од 1.200 Wh. Контролата на наклонот се вршела со азотни млазници монтирани на краевите на сончевите плочи и со 3 жироскопи. Позицијата е утврдувана со 4 Сончеви сетилници, и по еден сетилник за Земјата, Марс и ѕвездата Канопус.
Радиоврската била остварена со 2 радиопредаватели во брановото подрачје С (7-10 вати) и со еден радиоприемник кој примал податоци со брзина од 8 или 33 бита во секунда. Податоците биле меморирани на магнетна лента со капацитет од 5,24 милиони битови.
Функционирањето било контролирано од Земјата преку команден систем кој можел да прими 29 директни команди и 3 командни збора за исправка на патеката.
Централниот сметач користел честота од 38,4 kHz за синхронизација на командите.
Контролата на температурата е постигната со отвори на електронските уреди кои можеле да се дотеруваат, со користење на повеќеслојна изолација, алуминиумски штитови и посебни бои.
Маринер 4 пролетал покрај Марс на 14 и 15 јули 1965 година.
При пролетувањето, леталото било оддалечено 9.846 км од површината на Марс. Сликите биле снимени на магнетна лента и испратени на Земјата после поминувањето покрај Марс. Преносот на сликите траел од 15 јули до 3 август, а сите слики биле испратени двапати за да се избегнат можните грешки.
Биле снимени и испратени 21 фотографија. Заради бавната врска (8-33 бита во секунда) и пионерската техника, квалитетот на снимките бил лош, па можеле да се распознаат само поголеми детали на мал дел на површината на Марс (1%) кој е снимен.
Вкупно биле испратени 5,2 милиони битови (634 килобајта). Од добиените податоци извршени се проценки: притисокот на површината 410 до 710 паскали, површинската дневна температура од околу -100 °C и отсуство на магнетно поле.
Ваквите податоци го растресле тогашното уверување за интелигентни битија на Марс, и почнале сериозни разгледувања за можноста за живот на микроорганизми во измерените реални услови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.