From Wikipedia, the free encyclopedia
Манчу Матак (влашки: Manchu Matak; Крушево, 1920 - Витолиште, Мариовско, 25 мај 1944 ) — македонски комунист од влашко потекло и учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.[1]
Манчу Матак | ||
Роден | 1920 Крушево, Кралство СХС (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 25 мај 1944 Витолиште, Мариово | |
Националност | Влав |
Манчу е роден во 1920 година во влашко семејство во Крушево. По професија бил шијач. Станал член на КПЈ во 1939 година, а во 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Белград.[2]
Во Априлската војна во 1941 бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево.[3] Како член на Месниот комитет на КПЈ во Крушево од крајот на 1941, поради учество во штрајкот на монополските работници, бил уапсен и лежел во затвор од април до јуни 1942 година.[4] Бил секретар на Организацијата на КП во Крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, а по неговото расформирање кон крајот на 1942 се илегализирал во Крушево. Потоа се префрлил во Гостивар и стапил во партизанскиот одред „Кораб“ во пролетта 1943 година. Во борба со балистите бил заробен и спроведен во Тиранскиот затвор. По капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 станал командир на Прилепската чета во Првата македонско-косовска бригада, а потоа во Единаесеттата македонска бригада.[5] Загинал при напад на бункер на германските сили кај селото Витолиште, Мариовско. При нападот на партизаните, како командир на втората чета на Прилепскиот баталјон, бил погоден од снајперски куршум.[6]
Манчу Матак бил рогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.[7][8] Во негова чест училиштето во Кривогаштани го носи неговото име. Една песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година, со наслов „Духот на борецот“, е посветена на Манчу Матак.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.