From Wikipedia, the free encyclopedia
Малиот црногрб галеб (Larus fuscus) е птица од семејството на галебите која живее на Атлантскиот Океан, на бреговите од Европа. Ја има и во копното, крај езерата и реките. Таа е птица преселница која зимува јужно од Британските Острови до западна Африка. Редовен зимски посетител е на источниот брег на Северна Америка, веројатно од популацијата која се размножува во Исланд. Малиот црногрб балеб го има и во Македонија.
Мал црногрб галеб | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Галеби |
Род: | Larus |
Вид: | Мал црногрб галеб |
Научен назив | |
Larus fuscus Linnaeus, 1758 | |
Малиот црногрб галеб е помал од сребренастиот галеб[2]. Тоа е голема птица, со должина од 48 до 56 см, распон на крилја 117-134 см и тежина од околу 770 грама, само мажјакот е малку покрупен. Клунот е долг од 4.2 до 5.8 см, а тарзусот од 5.2 до 6.9 см.[3][4][5] Кај возрасните птици пердувите на главата, вратот, долниот дел од телото и опашката се бели. Горниот дел од телото, вклучувајќи ја мантијата и примарните пердуви за летање се темносива или кафеаво-црна боја. Секундарните пердуви имаат бел раб на почетокот и крајот. Клунот им е прав, стиснат од страните и благо свиен надолу на крајот, со светложолта боја, со светла црвена дамка одоздола на кривината на клунот. Очите им се светложолти, а околу нив има прстен од црвеникава кожа. Нозете се жолти или жолто-портокалови. Главата им станува посива зимно време. Мажјаците и женките не се разликуваат. Младенчињата имаат скалести црно-кафени шарки по горниот дел од телото. Им треба 4 години да постигнат полна зрелост. Огласувањето му е подлабок звук што потсетува на плачење и смеење.
Во вода, во потрагата по храна користи различни техники, вклучувајќи нуркање од површината или од воздухот. Лови риби, мекотели, инсекти, црви, и ретко мали глодачи. На копно, бара храна во депониите и во близина на риболовните бродови. Ги уништува гнездата на другите птици, ги јаде јајцата и младенчињата. Јаде и растенија, плодови, семиња.
Овие галеби се моногамни. Уште на почетокот на пролетта птиците се веќе спарени. Во периодот на додворување се однесуваат провокативно, тие се многу бучни, ја фрлаат главата наназад или ја наведнуваат нанапред, го хранат партнерот и сл. Тие гнездат во парови или во мали колонии, кои вклучуваат и до неколку десетици парови. Гнездото е на земја, обично во приморска ледина со трева или во дините. Кога во колонијата нема доволно простор, може да направи гнездо и на покривите на зградите. Гнездото го градат со мов, сува трева, пердуви и др. Снесуваат од 1 до 3 јајца, темнокафеава или маслинова боја со темни дамки. Периодот на инкубација е 24-27 дена, а инкубираат и мажјакот и женката. Првите денови по испилувањето младенчињата се во гнездото или во непосредна близина. На возраст од 10 дена, младенчињата се во можност да направат долги прошетки на растојание до 30 м, а почнуваат да летаат по 30-40 дена. Птиците достигнуваат полова зрелост по 4-5 години.
Постојат 3 подвида:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.