Малезија на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Малезија првпат учествувала на Олимписките игри во 1964 година, и испратиле спортисти да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри оттогаш, со исклучок на игрите во 1980 година во Москва. Малезија никогаш не се натпреварувала на Зимските олимписки игри.
Малезија на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
*Како Малаја
|
||||||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||||||
Северно Борнео (1956) |
Малајската Федерација (сега се сосотои од западните држави на западна Малезија) се натпреварувале како Малаја (MAL) на игрите во 1956 и 1960 година. Денешната држава Сабах испратила независна екипа на игрите во 1956 година како Северно Борнео, и Сингапур исто така се натпреварувал на игрите од 1948 до 1960 година. Подоцна Британските колонии ја создале независна Малезија во 1963 година, и се натпреварувала на Олимписките игри за првпат под ова име во 1964 година. Сингапур последователно ќе се стекне со независност од Малезија во 1965 година и ќе се натпреварува на игрите како Сингапур од 1968 година.
Малезиските спортисти имаат освоено вкупно 6 медали, во бадминтон и скокови во вода.[1]
Националниот олимписки комитет за Малаја бил создаден во 1953 година и признаен од МОК во 1954 година. Од него подоцна произлегува и Националниот комитет на Малезија.