Мала планета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мала планета — астрономско тело во орбита околу Сонцето и не претставува ни планета ниту пак комета.[lower-alpha 1] Мали планети можат да бидат џуџестите планети, астероидите, тројанци, кентауриди, тела од Кајперовиот Појас, и други заднептунски тела.[1] Од 2016 година, се архивирани орбитите на 709.706 мали планети од страна на Центарот за мали планети, 469.275 од тие добиле постојани броеви (за целосен список, Погледајте индекс).[2]
Првата мала планета која е откриена е Церера во 1801 година. Поимот мала планета е во употреба уште од XIX векза да ги опише овие тела.[3] Поимот планетоид е исто така во употреба, особено за поголемите (планетарни) тела како што се оние кои Меѓународната астрономска унија (IAU) ги има наречено џуџести планети во 2006 година.[4][5] Исоториски, ппоимите астероид, мала планета и планетоид се повеќе или помалку синоними.[4][6] Ова поимување станало уште посложено со откривањето на бројни мали планети за орбитата на Јупитер, особено заднептунските тела, кои вообичаено не се сметаат за астероиди.[6] Малите планети кај кои ќе се забележи ослободување на гас се исто ткака двојно класифицирани и како комети.
Пред 2006 година, МАУ официјално го користела поимот мала планета. За време на состанокот во 2006 година, МАУ ги прекласифицирала малите планети и комети во џуџести планети и мали тела во Сончевиот Систем.[7] Телата се наречени џуџести планети ако нивната гравитација е доволно силна да постигне хидростатичка рамнотежа и да има елипсоиден облик. Сите останати мали планети и комети се наречени мали тела во Сончевиот Систем.[7] МАУ има изјавено дека поимот мала планета може сè уште да се користи, но се претпочита да се користи поимот мало тело во Сончевиот Систем.[8] Сепак, поради потребата од нумерирање и именување, се користи традиционалната разлика меѓу мала планета и комета.