Мажественост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мажественоста претставува низа од својства, очекувања и објаснувања поврзани со поведението и однесувањето на машкиот пол. Мажественоста како содржина на родот поврзан со машкиот пол е општествено изградено однесување како спротивност на женственоста како општествено изградена содржина поврзана со женскиот пол. Карактеристичните мажествени својства се поврзани со низа стереотипи, кои го ситуираат машкиот статус и положба: агресивноста, рационалноста, амбициозноста, независноста се некои од описите, но и очекувањата како треба да изгледа или да се однесува машкиот пол.[1]