остров во состав на Сејшелите From Wikipedia, the free encyclopedia
Мае (француски: Mahé) — остров во Индискиот Океан, во североисточниот дел на Сејшелите и најголем остров во архипелагот со 157,3 км2. Во 2010 г. имал 77.000 жители[1], што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус.
Mahé | |
---|---|
Плажа на Мае | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Географија | |
Место | Сејшели, Индиски Океан |
Координати | 4°40′S 55°28′E |
Архипелаг | Внатрешни Острови, Сејшели |
Соседни водни површини | Индиски Океан |
Вкупно острови | 1 |
Поголеми острови | Мае |
Површина | 157,3 км2 |
Должина | 26 км |
Ширина | 17 км |
Брегова линија | 111,3 км |
Највисоко место | 905 м |
Највисока точка | Морн Сејшелоа |
Држава | |
Група | Гранитни Сејшели |
Подгрупа | Мае |
Окрузи | повеќе |
Најголема населба | Викторија (pop. 35000) |
Демографија | |
Население | 77,000 (2014) |
Густина | 490 /km2 (1.270 /sq mi) |
Етнички групи | Сејшелци (Креолци), Французи, Источноафриканци, Индијци |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
Мреж. место | Портал |
Највисок врв е Морн Сејшелоа (905 м), кој се наоѓа во истоимениот национален парк. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите. Понатаму во морето е расположен морскиот национален парк Света Ана, како и островите Консептион, Терез, Аноним и неколку помали островчиња.
Мае први го посетиле Англичаните во 1609 г., а потоа останал непосетен сè до 1742 г. со експедицијата на Лазар Пико. На 1 ноември 1756 г. во денешна Викторија пристигнала фрегатата „Серф“ (Елен) предводена од Корнеј Никола Морфе, кој го прогласил островот за владение на кралот на Франција. Експедицијата положила „камен на сопственост“ кој денес е изложен во Националниот музеј.
Во август 1801 г. британската фрегата „Сибил“ ја зазела француската фрегата „Шифон“ на островот. Во 1812 г. Мае потпаднал под британска власт и колонијално владение сè до осамостојувањето на Сејшелите во 1976 г.
Во шумите на Мае виреат ендемски растенија кои се среќаваат само на Сејшелите, како што се критично загрозеното медузино дрво (Medusagyne oppositifolia), месојадното сејшелско бардаче (Nepenthes pervillei) и голем број видови орхидеи.
Во подрачјата на Бел Омбре и пристаништето на Викторија е спроведен голем зафат за мелиорација поради недостатокот од станбен простор.[2]
Островот живее претежно од туризмот и риболовот на туна, која се конзервира.
Островот е поделен на повеќе окрузи.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.