From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадс Хермансен (роден на 11 јули 2000 година, во Оденсе) — дански фудбалер, голман на Лестер Сити и на данската репрезентација.
Мадс Хермансен | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 јули 2000 | ||
Роден во | Оденсе, Данска[1] | ||
Држава | Данска | ||
Висина | м | 1,87||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лестер Сити | ||
Број | 30 | ||
Младинска кариера | |||
Брондби | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2019-2023 | Брондби | 56 | (0) |
2023- | Лестер Сити | 36 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2015-2016 | Данска 16 | 4 | (0) |
2016-2017 | Данска 17 | 4 | (0) |
2017-2018 | Данска 18 | 3 | (0) |
2018-2019 | Данска 19 | 9 | (0) |
2021- | Данска 21 | 8 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Голман кој умее одлично да игра со нога, што е неговиот втор најголем талент после запирањето на удари кон неговиот гол.[2] Покрај тоа, исто така, се смета за специјалист за бранење пенали.
Роден во Оденсе, Хермансен ја започнал својата кариера во локалниот клуб Несби. Како десетгодишен тој ја променил позицијата, од играч во поле станувајќи голман, откако страдал од ахилова тетива.[1]
Во септември 2015 година, Хермансен се преселил во еден од славните дански клубови Брондби.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 5 ноември 2020 во натпреварот од Купот на Данска против нисколигашот Ледеје-Смерум, забележувајќи сува мрежа во победата со 1-0.[4] На крајот од сезоната 2020–2021, Брондби станал шампион во данското првенство за првпат од 2005 година,[5] и Хермансен бил награден со победнички медал, и покрај тоа што немал ниту еден првенствен настап поради тоа што бил втора опција на голманската позиција зад германскиот голман Марвин Швабе.
Пред почетокот на сезоната 2021-2022, Хермансен станал прв голман на Брондби, по заминувањето на Швабе во Келн.[6] Тој го направил своето деби во данското првенството на 18 јули 2021 година, во ремито 1–1 против ОГФ Орхус.[7] Следниот месец, на 17 август, го направил своето деби во европските натпреварувања, во поразот со 2–1 од Ред Бул Салцбург во првиот натпревар од плејоф рундата од Лигата на шампионите,[8] каде и покрај поразот импресионирал со својот настап и со својте одбрани.[9][10]
По две сезони во кој бил стартен голман на Брондби, забележувајќи вкупно 70 натпревари на голот на жолтите, на 18 јули 2023, Хермансен потпишал петгодишен договор со англискиот клуб Лестер Сити.[11] Дебитирал за лисиците на отворањето на сезоната во Чемпионшип, обезбедувајќи клучни одбрани за да му помогне на својот тим да обезбеди победа од 2–1 во над Ковентри Сити.[12]
Хермансен ја претставувал Данска речиси во сите младински селекции од под 16 до под 19 години.
Во ноември 2020 година, Хермансен за првпат бил повикан во репрезентацијата под 21 година,[13] а последователно бил повикан и за Европското првенство во споменатата возраст, но не настапил ниту еднаш. Своето деби, сепак го направил нешто подоцна, на 7 септември 2021 година, во победата со 1–0 над Казахстан во квалификациите за следното Европско првенство.[14][15]
Во јуни 2023, Хермансен го добил првиот повик во сениорската репрезентација, но до денес сè уште не дебитирал.
Статистиката е ажурирана на 7 април 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2020-2021 | Брондби | СЛ | 0 | 0 | КД | 1 | 0 | - | - | - | - | 1 | 0 | ||
2021-2022 | СЛ | 29 | 0 | КД | 2 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[16]+5 | 0 | - | - | 38 | 0 | ||
2022-2023 | СЛ | 27 | 0 | КД | 0 | 0 | ЛК | 4[16] | 0 | - | - | 31 | 0 | ||
Вкупно Брондби | 56 | 0 | 3 | 0 | 11 | 0 | - | - | 70 | 0 | |||||
2023-2024 | Лестер Сити | ФЛЧ | 32 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | - | - | - | - | 32 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 88 | 0 | 3 | 0 | 11 | 0 | - | - | 102 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.