Луј де Број
француски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луј де Број (француски: Louis de Broglie; 15 август 1892 , Дјеп — 19 март 1987 , Лувесјен)[1] — француски физичар кој имал пионерски придонеси за Квантната теорија. Во 1924 година, тој со својата докторска теза ја утврдил брановата природа на електроните и предложил дека секоја материја има брановидни својства. Овој концепт е познат како де Бројова хипотеза, пример на дуализам на бранови и честички и претставува централен дел на теоријата на квантната механика.
Луј де Број | |
---|---|
Роден(а) | 15 август 1892(1892-08-15) Дјеп, Франција |
Починал(а) | 19 март 1987(1987-03-19) (возр. 94) Лувесјен, Франција |
Националност | Француско |
Полиња | физика |
Установи | Сорбона |
Образование | Сорбона |
Докторски ментор | Пол Ланжевен |
Докторанди | Сесил Деви-Морет Бернар д'Еспања Жан-Пјер Вижје Александру Прока |
Познат по | Брановата природа на електроните де Број-Бомова теорија де Бројови бранови |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1929) |
Добил Нобелова награда за физика во 1929 година, откако во 1927 година првпат било експериментално прикажано брановидното однесување на материјата.
Во 1925 година пилотскиот бранов модел и однесувањето на честичките како бранови, откриени од страна на де Број, биле искористени од Ервин Шредингер во неговата формулација на брановата механика[2]. Пилотскиот бранов модел и интерпретацијата тогаш биле напуштени во корист на квантниот формализам, сè до 1952 кога тие биле повторно откриени и подобрени од Дејвид Бом[3].
Луј де Број бил шеснаесеттиот член кој бил избран на седиштето бр. 1 на Француската академија на науките (1944) и служел како нејзин вечен секретар.