![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dd/Luol_Deng_Wizards.jpg/640px-Luol_Deng_Wizards.jpg&w=640&q=50)
Луол Денг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луол Денг (16 април 1985 ) — суданско-британски професионален кошаркар, крило на Лос Анџелес Лејкерс во НБА и на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.[2]
Луол Денг | |
---|---|
![]() Денг со Чикаго | |
Позиција | Крило |
Висина | 2,06 м |
Тежина | 100 кг |
Лига | НБА |
Клуб | ![]() |
Број | 9 |
Роден | 16 април 1985(1985-04-16) (39 г.) Вау, Јужен Судан |
Националност | ![]() ![]() |
Факултет | Дјук (2003-2004) |
Драфт | 2004 / Рунда: 1 / Пик: 7-ми overall |
Избран од ![]() | |
Проф. кариера | 2002– |
Клубови | |
2004–2014 | ![]() |
2014 | ![]() |
2014-2016 | ![]() |
2016- | ![]() |
Репрезентација | |
Инфо од: 29.1.2018. |
Тој е роден во денешен Јужен Судан, но во раното детство со своето семејство се преселил најпрво во Египет, а потоа во Велика Британија, каде добил пасош и станал британски државјанин во 2006.[3] Денг претходно го носел дресот на екипите на Чикаго Булс (2004–2014) и Мајами Хит (2014–2016) исто така во НБА.
Луол Денг двапати настапил на Ол-Стар натпреварот (2012–2013), бил избран во втората петорка на идеалната одбранбена постава во НБА (2012) и во првата петорка на дебитантите во НБА (2005). Со британската репрезентација настапил на Летните олимписки игри 2012, каде Велика Британија забележала биланс од 1–4.[4] Денг во летото 2016 потпишал четиригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 72 милиони долари.[5]