From Wikipedia, the free encyclopedia
Луксембуршкиот јазик (Lëtzebuergesch; француски: Luxembourgeois, германски: Luxemburgisch, холандски: Luxemburgs, валонски: Lussimbordjwès) е горногермански јазик што се говори претежно во Луксембург, но и во други земји. Јазикот има вкупно 400.000 говорници.[1]
Луксембуршки | |
---|---|
Lëtzebuergesch | |
Изговор | [ˈlətsəbuəjəʃ] ⓘ |
Застапен во | Луксембург, Белгија, Франција, Германија |
Подрачје | Средна Европа |
Говорници | 320.000 (1998) |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | луксембуршка азбука |
Статус | |
Службен во | Луксембург |
Признаен како малцински во | Белгија (признаен во (Француската заедница) |
Регулативен орган | Постојан совет за луксембуршки јазик (CPLL) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | lb |
ISO 639-2 | ltz |
ISO 639-3 | ltz |
Говорното подрачје на луксембуршкиот (исенчено) и сродниот мозелфранконски јазик. |
Како што гласи неговото име, луксембуршкиот е државен јазик на Луксембург и еден од трите службени јазици во земјата (заедно со францускиот и германскиот).[2]
Јазикот се говори и во областа Арелерланд во Белгија (дел од покраината Луксембург) и во мали делови од Лорена во Франција.
Во регионите Ајфел и Хунсрик во Германија и Лорена во Франција е застапено сличното мозелфранконското наречје на германскиот јазик.
Постојат неколку наречја на луксембуршкиот јазик: арелски (од Арлон), ехтернашки (Ехтернах), клиерверски (Клерво), мизелски (Мозел), штатски (Луксембург), вајнски (Вијанден), минетски (Јужен Луксембург) и велчки (Вилц).
Со зголемената подвижност на населението и масовните медиуми, наречјата тежнеат кон претопување во еден стандарден јазик по пат на коинизација.
Не постои јасна граница помеѓу луксембуршкиот и сродните горногермански наречја во околината (како на пр. лоренофранконскиот) бидејќи сите тие образуваат дијалектен континуум и разликите се постепени. Меѓутоа, треба да се напомене дека јазикот е неразбирлив за говорниците на германскиот, францускиот и другите романски јазици. Иако има германска основа, луксембуршкиот во голема мера се разликува од самиот германски по големиот број на француски заемки.
Луксембуршката азбука е има 26 обични латинични букви и уште три посебни: é, ä и ë. Во заемките од француски и горногермански се запазуваат матичните букви од тие јазици:
Како и многу други западногорногермански наречја, луксембуршкиот го изоставува завршното n и nn во извесни случаи. Ова важи како за говорот, така и во пишувањето. На пример:
|
|
|
Луксембуршкиот има три рода (машки, женски и среден) и три падежи (номинатив, акузатив и датив). Како и во германскиот, не постои разлика во родовите кога се во множина.
Постојат два вида на придавки: својствени (атрибутивни) и прирокови (предикативни). Вториот вид се јавува во глаголи како sinn („е“) и не добиваат наставка.
Збороредот е ист како во германскиот и холандскиот јазик второприрочен (V2), т.е. каде прирокот е втор во независна исказна реченица, веднаш по тематскот дел.
Луксембуршкиот има многу заемки од францускиот. Други зборови се разликуваат од горногерманските, но имаат свои пандани во дијалектите. Трети пак, се чисто луксембуршки зборови.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.