Луис Алварес
американски физичар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Волтер Алварес (англиски: Luis Walter Alvarez; 13 јуни 1911 – 1 септември 1988 ) — американски експериментален физичар, пронаоѓач и професор, на кого му е доделена Нобеловата награда за физика во 1968 година. За него American Journal of Physics ќе напише, „Луис Алварес беше еден од највлијателните и најпродуктивните експериментални физичари на двасеттиот век“[1]
Луис Алварес | |
---|---|
Роден(а) | 13 јуни 1911(1911-06-13) Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Починал(а) | 1 септември 1988(1988-09-01) (возр. 77) Беркли,Калифорнија, САД Рак |
Почивалиште | Пепелта е расфрлана над Монтреј Беј,Калифорнија |
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Калифорниски универзитет |
Образование | Чикашки универзитет |
Докторски ментор | Артур Комптон |
Поважни награди | Медал на честа (1947) Национален медал за наука (1963) Нобелова награда за физика (1968) Награда „Енрико Ферми“ (1987) |
Сопружник | Geraldine Smithwick (в. 1936; раз. 1957) Џенет Ландис (в. 1958) |
Потпис |
По стекнувањето со титула доктор по физика од Чикашкиот универзитет во 1936 година, Алварес заминува и почнува да работи за Ернест Лоренс во Лоренс Берклиевата национална лабораторија на Калифорнискиот универзитет во Беркли. Алварес осмислил низа на експерименти преку кои може се набљудува К-електронскиот зафат во радиоактивните јадра, предвидено со теоријата на бета-распадот, но никогаш не биле забележани. Тој успеал да создаде тритиум со користење на циклотрон и го измерил неговиот полураспад. Во соработка со Феликс Блох, тој го измерил магнетниот момент на неутронот.
Во 1940 година тој започнал да работи во Радијационата лабораторија на МИТ, каде со својата работа придонел за голем број на откритија кај радарите во Втората светска војна, подобрувајќи го системот за одредување, односно дали станува за пријателско или непријателско летало користејќи радарски предаватели, денес наречени транспондери, па сè до создавањето на системот познат како VIXEN, кој ги спречувал непријателските подморници да забележат дека се забележани од страна на новите авионски микробранови радари. Непријателските подморници ќе мора да почекаат за радарскиот сигнал да стане појак и тогаш ќе потонат и ќе го избегнат нападот. Но VIXEN пренесувал радарски сигнали чии јачини зависеле кубно од растојанието на подморницата како што подморницата се прибчижува кон сигналот прогресивно сигналот станува послаб со што се претпоставувало дека авинот се оддалечува од подморницата, со што таа не нурнувала.[2][3] Радарскиот ситем за чија заслуга е одговорен Алварес е најдобро познат и имал значајна улога во воздухопловството, особено во повоениот период, (GCA). Алварес поминал неколку месеци на Чикашкиот универзитет работејќи на јадрениот реактор со Енрико Ферми, пред да замине во Националната лабораторија во Лос Аламос каде започнал да работи со Роберт Опенхајмер на Проектот Менхетен. Алварес работел на дизајнот на експлозивните леќи како и развојот на експлозивни детонатори. Како член на Проектот Алберта, тој го набљудувалјадрениот тест Тринити од B-29 Супертврдина, а подоцна и атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки од бомбардерот B-29 „Грејт артист“.
По војната Алварес беше вклучен во осмислувањето на меурната комора со што и овозможил на својата екипа да направи милиони слики од заемодејствата на честичките, развил сложени компјутерски системи со кои се овозможиле мерењата и анализата на овие заемодејствакако и откривањето на сосема нови семејства на честички како и резонантни состојби. Неговата работа резултирала со Нобелова награда во 1968 година. Тој бил вклучен во проектот со кој требало да се испитаат пирамидите со рендгенски зраци за да се провери дали постојат неотркриени комори. Со неговиот син, геолог Валтер Алварес, тој ја разил Алваресовата хипотеза со која како причина за исчезнувањето на диносаурсите е удар на некој астериод.
Алварес беше член и на советодавната одбранбена група ЈАСОН, Бохемискиот клуб и Републиканската партија.[4]