From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудвик Лазар (Лазаж) Заменхоф (полски: Ludwik Łazarz Zamenhof, 15 декември [ст. ст. 3 декември] 1859 – 14 април [ст. ст. 1 април] 1917), познат како Л. Л. Заменхоф и некогаш под псевдонимот Д-р Есперанто, бил полски Евреин, офтамолог и творец на меѓународниот јазик есперанто. Осумкратно номиниран за Нобеловата награда за мир (1907, 1909, 1910, 1913, 1914, 1915, 1916, 1917 година)[1].
Лудвик Заменхоф | |
---|---|
Роден(а) | Лудвик Лазаж Заменхоф 15 декември 1859 Бјалисток, Руско Царство (денес Полска) |
Починал(а) | 14 април 1917 57) Варшава, Полска | (возр.
Познат(а) по | Создавање на Есперанто |
Сопружник | Клара Заменхоф |
Деца | Адам, Софија, и Лидија |
Потпис |
Роден е во еврејско семејство во Бјалисток (кој од 1807 година се наоѓал на територијата на Руската империја) во куќа на ул. Зиелона бр. 6 (сега улица Заменхофа). Потекнувал од многудетно семејство, татко Маркус и мајка Розалија, а имал десет браќа и сестри: Фејгла, Гитла, Сора Двора, Феликс, Херс, Хенрик, Мина, Леон, Александар и Ида. Во нивниот дом се зборувал Јидиш, а втор јазик бил рускиот или (според биографите А. Закржевски, Е. Визенфелд) полски. Неговото детството го поминал во мултинационалната заедница Бјалисток, составена главно од Евреи, Полјаци, Руси и Германци. На 10-годишна возраст ја напишал драмата Вавилонска кула или трагедијата на Бјалисток во пет чина; тој верувал дека главната причина за недоразбирањата и споровите меѓу луѓето е јазичната бариера. Според него решение за тоа би бил еден заеднички јазик.
Од есента 1869 година започнал со едукација во локалната гимназија (сега гимназија Крал Зигмунт Август VI)[2]. Во 1873 година, семејството Заменхоф се преселило во Варшава, каде Лудвик започнал да го посетува средното училиште, кое го завршил во јуни 1879 година [3].
Во 1879-1881 година студирал медицина во Москва. По обидот за атентат врз цар Александар II во 1881 година, поради растечкиот антисемитизам, заминал за Варшава, каде што ги продолжил студиите (1881–1885). Специјализирал офталмологија во Виена (1886).
Уште додека учел во гимназијата во Варшава, Заменхоф ја создал првата, примитивна верзија на неговиот јазик - Lingwe Universal (1878). Неколку години подоцна, тој создал уште три верзии на јазикот. Избегнувајќи ги погрешните претпоставки на претходните проекти и потпирајќи се на темелното познавање на многу национални јазици, во 1885 година Заменхоф го завршил проектот за меѓународниот јазик каков што го знаеме денес.
По дипломирањето работел како офталмолог во Варшава, но јазиците останале негова страст. На 26 јули 1887 година, по две години потрага по издавач, била објавена книгата на руски јазик „Меѓународен јазик. Предговорот и целосен прирачник“, под псевдонимот Doktoro Esperanto, што значи „доктор што се надева“. Подоцна овој назив со текот на времето бил прифатен како име на самиот јазик. Објавувањето на книгата била можно благодарение на финансиската помош на Александар Силберник, таткото на Клара Силберник, идната сопруга на Заменхоф. Истата година, прирачникот бил објавен на полски, француски, германски и англиски јазик.
Набргу по објавувањето на учебникот, пристигнале позитивни критики за големата едноставност и корисност на јазикот. Овој нов јазик овозможувал преточување да разни човечки мисли, што било потврдено од илјадници научни и литературни публикации, вклучително и целосен превод на Господин Тадеуш. И покрај првичниот скептицизам, предрасуди, па дури и свесна саботажа на есперанто од страна на француските власти во корист на нивниот сопствен јазик, проектот на Заменхоф почнал да добива сè поголема популарност, дури и да има поддршувачи меѓу лингвистите. Почнале да се формираат првите есперанто клубови (прво во Нирнберг, а потоа и други градови низ Европа).
Во 1905 година, во францускиот град Булоњ-сур-Мер, се одржал првиот Светски есперанто конгрес, каде што била потпишана декларација за есперанизмот, нагласена од Заменхоф во следните говори на инаугурацијата на конгресите. ЗА време на оваа посета на Париз, Заменхоф бил одликуван со Легијата на честа, а Ајфеловата кула била осветлена во негова чест. Благодарение на средствата што ги платил есперанто весникот La Revuo за неговата соработка, тој можел да присуствува на сите идни конгреси, дури и на оној во Вашингтон (1910). Почнувајќи од Конгресот во Дрезден во 1908 година, сите пред војната биле организирани под покровителство на европските лидери. Во Дрезден, Заменхоф бил дел од официалното отворање на конгресенот бал, танцувајќи со основачката на есперанто друштвото во Гдањск, пионерката на есперанто движење во Гдањск, Ана Елиса Тушински[4].
Покрај потребата да се реши проблемот со заедничкиот јазик, Заменхоф бил загрижен и за поделбата на луѓето по верска основа. Во 1901 година објавил книга под псевдонимот „Хомо сум“ (латински: Јас сум маж). „Хилелизмот како решение за еврејското прашање“. Хилелизмот (името создадено по Хилел) претставувало зближување на Евреите со верниците на другите религии. Освен што се следбеници на јудаизмот, евреите требало да и служат на државата во која живеат, религијата, а изборот на јазик треба да биде слободен. Хилелизмот бил лошо прифатен од Евреите, но и од Есперантистите, кои ја сметале оваа идеја како лично гледиште на авторот. Во 1906 година малку го изменил својот поглед кон религијата - новосоздадената идеја за хомаранизмот претпоставувала целосно обединување на сите народи, постоење на заеднички јазик и религија и првично била насочена главно кон есперантистите. Сепак, Заменхоф не добил поддршка во светот за својата идеја.
Во периодот помеѓу 1898-1915 година тој живеел во Варшава, во сега веќе непостоечки станбен објект на ул. Џика бр. 5. Оваа улица во 1930 година била наречена улица Заменхоф.[5]
Починал на 14 април 1917 година. Погребан бил на 16 април на еврејските гробишта на ул. Окопова во Варшава (парцела 10, ред 2)[6]. Свечениот проштален говор го одржал рабинот и проповедник на Големата синагога во Тломаки, Самуел Познањски: „Ќе дојде денот кога целата полска ќе разбере каква блескава слава и дал овој голем син на својата татковина...“[7].
Во 1922 година било одлучено да се распише конкурс за дизајн на надгробната плоча на Заменхоф, на кој биле поканети само скулптори од Полска. Обемот на конкурсот бил ограничен за да се обезбеди усогласеност со прописите за дизајнирање на хебрејски надгробни споменици и можност за посета на гробиштата за да се запознаат со условите на теренот. Пријавени биле 18 проекти. Жирито било составено од: Шчепковски, Островски, Маријан Слугоцки, Бујвид и Игнаси Тејхфелд. За победниците биле предвидени две парични награди од 12 фунти и 6 фунти. Жирито првата награда ја додело за делото Надеж, чиј автор бил скулпторот од Познањ, Миечислав Лубелски, а втората награда за проектот 5 делови на светот на варшавскиот скулптор Тадеуш Брејер[8][8]. Поради трошоците, одлучено било споменикот да се изработи во Абердин, Шкотска. Организациониот одбор одговорен за изградбата на споменикот се обидел да го ослободи од царина и превозни давачки[8]. Со брод бил пренесен во Гдиња, а оттаму со воз во Варшава. Отворањето било планирано да се организира на деветгодишнината од смртта на Заменхоф, а на барање на неговото семејство, било одложено за следната недела на18 април 1926 година. На свеченото отворање на споменикот говор одржал Лео Белмонт [9].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.