Лудвиг II (Италија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудвиг II, понекогаш наречен и Помладиот[1] (825 – 12 август 875 ) - италијански крал и Цар на Светото Римско Царство од 844 година, како совладетел на неговиот татко Лотар I сè до 855 година, оттогаш е самостоен владетел. Лудвиговата вообичаена титула imperator augustus („август цар“), но ја користел imperator Romanorum („цар на Римјаните“) по освојувањето на Бари во 871 година, што ги влошило односите со Византија. Тој бил нарекуван и imperator Italiae („италијански крал“) во Западна Франкија додека пак византијците го нарекувале Basileus Phrangias („цар на Франките“). Хроничарот Андреј Бергамски, кој е и главниот извор за Лудвиговите освојувања во јужна Италија, забележал во своите ракописи „по неговата смрт во Италија настапува период на големи неволји.“[2]