Луга (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луга (руски: Луга) е река во Новгородскиот и Батетскиот регион во Новгородска област и Лужскиот, Волосовскиот, Сланцевскиот и Кингисепскиот регион во Ленинградската област во Русија.
Луга | |
---|---|
Луга близу до градот Кингисеп | |
Мапа на сливот на Луга | |
Местоположба | |
Држава | Русија |
Физички особености | |
Устие | Фински Залив |
• координати | 59°40′38″N 28°18′41″E |
Должина | 353 км |
Големина на сливот | 13,200 км2 |
Проток | |
• просечен | 100 метри кубни во секунда |
Особености на сливот | |
Притоки | |
• леви | Саба |
• десни | Оредеж, Јашчера |
Реката се влева во заливот Луга на Финскиот Залив. Замрзнува на почетокот на декември и останува под мразот до почетокот на април. Должината на Лугата е 353 километри, а површината на нејзиниот слив е 13,200 км2.[1] Нејзината главна притока е Оредеж (десно). Градовите Луга и Кингисеп, како и населбата Толмачијово од урбан тип се наоѓаат на бреговите на Луга. Усието на Луга е местото на терминалот за контејнери во Уст-Луга.
Изворот на Луга се наоѓа во област за производство на тресет на северозапад од Новгородска област, неколку десетици километри северозападно од градот Велики Новгород. Реката тече на југ, преминува во Батетскиот регион и постепено се врти на запад. Дел од Луга служи на границата помеѓу Новгородската и Ленинградска област. Таму, Луга тече северозападно, во градот Луга се свртува кон север, го прифаќа Оредеж од десно и тече низ населбата Толмачиово од урбан тип. Таму, се врти северозападно и достигнува до границата на Лужскиот регион. Дел од Луга ги формира границите помеѓу Гачински и Волосовск, Сланцевски и Волосовски и Кингисепската и Волосовската област. Во градот Кингисеп, Луга свртува на север и последователно североисточно. Устието на реката Луга се наоѓа во населбата Уст-Луга.
Одводниот слив на Луга вклучува големи области на северот на Новгородската област (Новгородски и Батетски регион), како и на југозапад на Ленинградска област (Гачински, Лужски, Волосовски, Сланцевски и Кингиепски регион). Особено, тој содржи Шум-гора, археолошки локалитет во близина на бреговите на реката во Новгородска област и Мшинское болото Заказник во Ленинградска област, поделени меѓу сливовите на Оредеж и Јашкера.
Лугата под градот Кингисеп е пловна; сепак, нема навигација за патници.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.