![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/92/Loch_Tay_at_Kenmore.jpg/640px-Loch_Tay_at_Kenmore.jpg&w=640&q=50)
Лох Теј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лох Теј (англ. Loch Tay, гел., Loch Tatha) — слатководен лох (езеро) во средишниот дел на Горите во Шкотска, во округот Пертшир.
Лох Теј Loch Tay / Loch Tatha | |
---|---|
![]() Лох Теј гледан од Кенмор | |
Подрачје | Пертшир, Шкотска |
Координати | 56°30′56″N 4°08′46″W |
Вид | слатководен лох |
Главни приливи | Дохарт, Лохеј |
Сливни земји | Велика Британија |
Најг. должина | 23 км км |
Површина | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“}}26,4 км2 км2 |
Најг. длабочина | 150 м м |
Населени места | Килин, Кенмор, Лоерс |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/74/Loch_Tay_Crannog.jpg/640px-Loch_Tay_Crannog.jpg)
Лохот е тесен и долг, и ја следи линијата на долината во превец од југозапад кон североисток. Долг е 23 км, а просечната ширина се движи од 1,6 до 2,4 км. Ова е шести по големина лох во Шкотска по површина. Најголемата длабочина изнесува 150 м.
Над северниот брег на лохот се издига планината Бен Лоерс (1214 м), што е 10-та по височина во Британија. Врвот е највисок од групата од седум врва („манро-а“).
Поголеми населени места во подрачјето се селата Килин и Кенмор. Килин е сместен на чело на лохот, а Кенмор се наоѓа кај изливот na реката Теј. На јужната страна на лохот се протегаат помалите места Ахарн, Ардониг и Ардталниг, а на северната страна се селцата Фјарнан и Лоерс. Во лохот се влеваат реките Дохарт и Лохеј, како и повеќе мали потоци.
Лохот е популарно место за риболов на лосос.
Во Железно време, жителите на месноста живееле во одбранбени наколни живеалишта во лохот наречени „кранози“. Во лохот се пронајдени преку 20 потомени кранози. Близу центарот на кранози е реконструиран еден примерок.