Лоран Блан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лоран Робер Блан (роден во Але на 19 ноември 1965) — француски поранешен фудбалер, моментален тренер на Париз Сен Жермен.[1] Тој бил селектор на репрезентацијата на Франција до 2012 година, откако го заменил Рејмонд Доменех по Светското првенство 2010 во Јужна Африка.[2]
Лоран Блан | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 19 ноември 1965(1965-11-19) (58 г.) | ||
Роден во | Але, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | &100000000000001920000001,92 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2003 (37 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Монпелје | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1983-1991 | Монпелје | 243 | (76) |
1991-1992 | Наполи | 31 | (6) |
1992-1993 | Ним | 29 | (1) |
1993-1995 | Сент Етјен | 70 | (18) |
1995-1996 | Осер | 23 | (2) |
1996-1997 | Барселона | 28 | (1) |
1997-1999 | Олимпик Марсеј | 63 | (14) |
1999-2001 | Интер | 67 | (6) |
2001-2003 | Манчестер Јунајтед | 48 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
1989-2000 | Франција | 97 | (16) |
Раководител на екипите | |||
2007–2010 | Бордо | ||
2010–2012 | Франција | ||
2013–2016 | Париз Сен Жермен | ||
† Учества (Голови). |
Блан како играч настапувал за бројни клубови, вклучувајќи ги Монпелје, Наполи, Барселона, Олимпик Марсеј, Интер и Манчестер Јунајтед, а често играл на позицијата либеро. Тој е исто така поранешен француски интернационалец, и одиграл повеќе меѓународни турнири, меѓу кои Светското првенство 1998 и Евро 2000, во кои и на дветеФранција победила. На 28 јуни 1998 година, Блан го постигна првиот златен гол во историјата на фудбалот, откако ја затресол мрежата на Парагвај на Светското првенство 1998. Блан има прекар претседателот, кој го добил по неговиот мандат во Олимпик Марсеј во чест на неговите водачки вештини.[3][4]