![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2d/Pasarel-vicinity.jpg/640px-Pasarel-vicinity.jpg&w=640&q=50)
Лозенска Планина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лозенската Планина (бугарски: Лозенска планина) се наоѓа во западна Бугарија, во непосредна близина на главниот град Софија и планината Витоша, однсоно, јужно од Софиското поле. Западната на планината е Панчаревската клисура на реката Искар, меѓу селата Панчарево и Пасарел, а југозападната е кај вештачкото езеро Искар. Во подножјето на планината се наоѓаат селата Лозен, Герман, Долни Пасарел и Габра. Од нив кон планината се трасирани пешачки планинарски патеки, кои во повеќето случаи се патишта и козарски патеки употребувани во минатото за стопански цели. Најпопуларни се патиштата околу врвот Полуврак и Панчаревското езеро. На Лозенската Планина се наоѓаат Германскиот, Лозенскиот, Панчаревскиот и Долнопасарелскиот манастир, како и средновековната тврдина Урвич.
Лозенска Планина | |
---|---|
Лозенска планина | |
![]() Околината на селото Пасарел во подножјето на Лозенската Планина. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.190 м |
Друго име | Лозенска планина |
Географија | |
Место | ![]() |
Матичен венец | Средна Гора |
Искачување | |
Најлесен пат | Лесно планинарење. |