listerija From Wikipedia, the free encyclopedia
Листериозата е бактериска инфекција најчесто предизвикана од Listeria monocytogenes,[1] а L. ivanovii и L. grayi се забележени во одредени случаи. Листериозата примарно предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и бактериемија кај оние кои се имунокомпромитирани,[2] бремени жени, новороденчиња, старци како и гастроентеритис кај здрави лица кои консумирале поголема количина во организмот. Листеријата е сеприсутна во околината и примарно се пренесува по орален пат после внесување на контаминирани хранливи производи, после што бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции. Дијагнозата на листериозата бара изолација на бактеријата од крвта и/или ’рбетномозочната течност. Третманот вклучува продолжена употреба на антибиотици, примарно ампицилин и гентамицин, на кои таа вообичаено е осетлива.
Листериоза | |
---|---|
Listeria monocytogenes | |
Специјалност | Заразна болест, obstetrics and gynaecology, Неонатологија, maternal-fetal medicine |
Болеста примарно ги зафаќа постарите лица, лицата со ослабен имун систем, бремени жени и новороденчиња. Ретко, и лица без овие ризични фактори може да бидат афектирани. Лице заболено од листериоза вообичаено има треска и мускулни болки, на кои често им претходи дијареја или други гастроинтестинални симптоми. Скоро секој со дијагностицирана листериоза има инвазивна инфекција (што значи дека бактеријата од неговите црева се шири во нивниот крвоток или во други делови на телото. Болеста може да се појави и по два месеца од консумирањето на контамираната храна.
Симптомите варираат кај инфицираните лица:
• Високоризични лица (освен бремените жени): Симптомите може да вклучат треска, мускулни болки, главоболка, вкочанет врат, конфузија, губење на рамнотежа и грчеви.
• Бремени жени: бремените жени обично имаат само благи симптоми налик на грип. Сепак, инфекциите за време на бременоста може да доведат до спонтан абортус, мртвороденче, предвремено раѓање или инфекции по живот за новороденчето.
• Претходно здрави лица: кај лица кои претходно биле здрави но биле изложени на многу голема доза од листерија може да се развие неинвазивна болест (значи бактеријата не се шири во нивниот крвоток или во други делови од телото). Симптомите може да вклучат дијареја и треска.
Доколку лицето што јадело заразена храна со листерија нема никакви симптоми, повеќето стручњаци сметаат дека не се потребни тестирања и третман, дури и за лица кои припаѓаат во високоризичните за листериоза.[3]
Listeria monocytogenes се наоѓа насекаде. Најчесто се прима преку јадење на заразени хранливи производи. Листеријата била изолирана од сирово месо, млечни производи, зеленчук, овошје и морска храна. Меките сирења и непастеризираното млеко се потенцијални опасности, а пријавени се и случаи со постпастеризирано млеко.[1]
Ретко листериозата може да се појави и како кожна листериоза. Оваа инфекција се јавува после директно изложување на L. monocytogenes и во голема мера е ограничена на ветеринарите кои работат со заболени животни, најчесто после листеричен абортус.[4]
При случаи на инфекции на ЦНС (Централен нервен систем), L. monocytogenes често може да се издвои од крвта и секогаш од ’рбетномозочната течност. Нема доверливи серолошки или фецесни тестови.
Главните начини на превенција се преку безбедно ракување, готвење и консумација на храната. Тоа вклучува миење на свежиот зеленчук и темелно готвење на суровата храна, како и подгревање до вриење на останата или готова храна.[5]
Друг аспект на превенција е советување на високоризичните групи како бремените жени и имунокомпромитираните пациенти да избегнуваат непастеризирана храна.
Бактериемијата треба да се третира 2 недели, менингитисот 3 недели, а мозочниот апсцес најмалку 6 недели. Ампицилинот се смета како најсоодветен антибиотик, гентамициното често се додава заради неговите синергиски ефекти. Вкупната стапка на смртност е 20-30%; од сите случаи со бременост, 22% резултирале со губење на плодот или мртво новороденче, а мајките вообичаено преживувале.[6]
Во 2004-2005 во САД инциденцата била 2,5-3 случаи годишно на милион жители, при што бремените жени претставувале 30% од сите случаи.[7] Од сите неперинатални инфекции, 70% се јавуваат кај имунокомпромитирани пациенти. Инциденцата во САД е во пад од деведесеттите години на 20 век, за разлика од Европа каде промените во навиките на исхрана доведоа до зголемување за истиот период. Во Шведска е стабилизирана околу 5 случаи годишно на милион жители, при што се јавуваат 1-2 случаи кај бремени жени од вкупните околу 40 случаи годишно.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.